Лелап или Лајлап (грчки: Λαῖλαψ) во старогрчката митологија било име на две кучиња.

Смртта на Прокрида, каде е прикажан и Лелап, слика на уметникот Пјеро ди Козимо, која се чува во Националната галерија во Лондон.

Потекло на поимот

уреди

Оваа име има значење „виор“.[1]

Митологија

уреди

Едното било куче на Прокрида, кое таа го добила или од кралот Миној, чија љубовница била, или од божицата Артемида. Таа го дала на Кефал, кој го дал на Амфитрион поради посебните особини на животното ниту еден плен да не може да му побегне. Амфитрион морал да ја улови лисицата од Теумесе, па тоа куче затоа му било потребно. Меѓутоа, овој ѕвер исто така имал особина ниту еден од ловците да не може да го стигне и трката се развлекла во недоглед. Пресудил Зевс, кој двете животни ги претворил во карпи или ги пренел во соѕвездијата Големо и Мало куче, каде се или запрени или оставени да ја продолжат својата трка засекогаш.[2] Инаку тоа куче најпрво Зевс го испратил како Европин чувар на Крит. Можно е оваа куче да било исто она златно куче кое Реја го ставила да го чува тогаш уште малечкиот Зевс.[3] Тоа куче ги менувало истите сопственици како и ова, но пред да биде поставено меѓу ѕвездите, припаѓало и на Падареј. Родители во двата случаја не се наведени, иаку се претпоставува дека златното куче го направиле Дактилите по желба на Реја.[4] За кучето Лелап пишувале неколку автори, меѓу кои Хигин, Павсанија и Овидиј во „Метаморфозите“.[2]

Другото куче било едно од Актеоновите кучиња, според по наводите на Овидиј и Хигина.[5]

Наводи

уреди
  1. Роберт Гревс. 1995. Грчки митови. 6. издање. Нолит. Београд.
  2. 2,0 2,1 Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology Greek Mythology Link: BESTIARY
  3. theoi.com: Laelaps
  4. theoi.com: Cyon Chryseus
  5. Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology Greek Mythology Link: Actaeon; Actaeon’s Dogs