Ледено вино или ајс вино (англиски: ice wine, германски: Eiswein) — вид десертно благородно слатко вино, произведено од грозје, кое e замрзнато додека сè уште е на лозата, и кое се пресува во смрзната состојба. Само неколку капки сок се добиваат од едно зрно грозје, но тие се многу богати со шеќери. Ова вино се прави во Германија, САД и Канада. Потеклото на леденото вино може да се бара назад во времето во далечната 1700 година во Германија, каде било откриено по настапувањето на раните мразови, но овој вид на вино бил приготвуван и уште во Римското Царство[1]. Подоцна, традицијата била пренесена во земји како САД и Канада, поради соодветните временски услови.

Ледено вино
Винска областГерманија
Грозје од ледено вино

Во Германија, ледено вино обично се прави од сортата Ризлинг, додека во Северна Америка, Видал Бланк е омилен избор на винариите. Во прилог на белите сорти, ледено вино е направено и од црвените сорти Каберне Франк, Каберне Совињон, Мерло и Сира.

Леденото вино е направено на единствен начин. Грозјето останува откриено на лозата, понекогаш со месеци. Со доаѓањето на зимската сезона температурите опаѓаат и во зрната на грозјето се формираат ледени кристали кои практично го дехидраат и оставаат само концентрирани шеќери и киселини.

Грозјето се бере само замрзнато, така што леденото вино може да се прави само под соодветни климатски услови. Ако студот се забави, грозјето ќе се распадне и бербата ќе биде целосно изгубена. Ако зимата е премногу студена, ќе биде невозможно да се извади доволно сок. (Во 1990 година, една од најдобрите канадски визби го скршила својот вински печат, обидувајќи се да произведува вино на -20 степени!)

Кога грозјето се замрзнува и се претвора во цврсти топчиња од мраз и високо концентриран шеќерен сок, започнува жетвата. Грозјето се собира само со рака, обично доцна во ноќта, за време на полна месечина кога температурите се меѓу -8 и -15 степени. Производството е крајно ограничено - понекогаш само едно шише вино се добива од целата лоза.

Добиеното вино има светла жолтеникава боја (од бели сорти) или портокалово-црвена (од црвени сорти) боја, висок процент на шеќер, густина, алкохолната јачина помеѓу 6% и 13% и ексклузивна овошна арома на праска, кајсија и слично.

Вистинското ледено вино мора да ги следи стандардите на VQA (Vintners Quality Alliance), кои забрануваат вештачкото замрзнување на грозјето или алтернативни промени на изворниот рецепт. Во моментов, најпознатите (и најскапите) вина од овој тип доаѓаат од Германија и Канада. Цените се движат меѓу 60 и 100 евра, а во 2006 година било продадено најскапото шише до моментов, од канадската винарија Royal DeMaria, за сума од 30.000 канадски долари (околу 20 000 евра). Околу 75% од производството на овој вид на вино во Канада доаѓа од Онтарио[2].

Наводи

уреди
  1. Wein-Plus Glossar: Eiswein, accessed on January 22, 2013
  2. Lawlor, Julia (February 26, 2010). „Frozen Vines (and Fingers) Yield a Sweet Reward“. New York Times. Посетено на 2010-03-15. By law, Canadian ice-wine makers cannot call their product by that name unless it is made from grapes picked off the vine at or below −8 °C (18 °F).

Надворешни врски

уреди