Леарница (Крушево)

поранешна леарница и музеј во Крушево

Леарницата за куршумимузеј во Крушево, во која биле изработувани куршуми за време на Илинденското востание. Музејот е под јурисдикција на Историскиот музеј - Крушево. Градбата е заведена во 1953 година како Културно наследство на Македонија под називот Работилница за оружје за време на Илинденското востание, ул. Томе Никле бр. 57.[1][2]

Музеј Леарница
Музејот во 2014 година
Основан2 август 2003 година
Местоул. Томе Никле бр. 57,
Крушево, Македонија
ТипИсториски музеј
Лапевска куќа
Општи податоци
СтилСтароградска архитектура
СопственикИсториски музеј - Крушево (денес)
Семејство Лапески (порано)
Технички податоци
Катови2

Историја на куќата

уреди

Како леарница

уреди

Леарницата за леење на куршуми и поправка на оружјето на востаниците била отворена со наредба на Времениот извршен совет по ослободувањето на Крушево, на Времената влада на Крушевската Република, на заседанието од 4 август 1903 со кое раководел Никола Карев. Според историските документи и сеќавањето на тогашните живи Илинденци, леарницата била сместена во куќата на Илија и Коста Лапески на ул. Томе Никле бр. 57. Со неа раководеле искусните железари и туфекчии Ставре Борјар и Митка Манак. Леарницата била под раководство и надзор на интелектуалната група. Во леарницата носеле оружје за поправка Злата Ристеска-Кеша, Донка Журчаноска-Иљојче. Носењето оружје најчесто било на штици за печење на леб или кошници, а го преземала Пашка Лапеска и го предавала на мајсторите. Сеќавања има на Тоду Борјар, конструкторот на црешовото топче, на Бранко Благоески чиј татко бил член на интелектуалната група, во сеќавањата на Никола Киров Мајски. Мајски и Крсто Топузиски, за време на неговиот последен престој во Крушево во 1957 година, повеќе дена водел разговори за текот на востанието, неговата улога и значење, а посебно за леарницата на куршуми и поправка на оружјето.[2]

Како музеј

уреди

Во 2003 година, куќата била претворена во музеј во 2003 година и била отворена со поставката посветена на леарницата за куршуми. Во неа се наоѓаат првичните орудија кои биле користени за лиење куршуми во текот на востанието.[3][4]

Наводи

уреди
  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 10 март 2022.
  2. 2,0 2,1 „Историја - Сеќавање од времето на Илинденското востание“. cdnh.edu.mk. Архивирано од изворникот на 7 ноември 2017. Посетено на 10 март 2022.
  3. „Музеј на Илинденското востание и Крушевската Република“. macedonia-timeless.com. Архивирано од изворникот 2021-12-19. Посетено на 10 март 2022.
  4. www.visitkrusevo.com.mk[мртва врска]