Леандро Кастан

Леандро Кастан да Силва (роден на 5 ноември 1986 во Жау), попознат само како Леандро Кастан, е Бразилски фудбалер, кој игра на позицијата централен дефанзивец, за Серија А клубот Рома.

Леандро Кастан
Leandro Castán
Leandro Castan cropped.jpg
Лични податоци
Роден на 5 ноември 1986 (1986-11-05) (35 г.)
Роден во Жау, Бразил
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција центар бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Рома Рома
Број 5
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2007 Атлетико Минеиро 25 (0)
2007-2009 Хелсинборг 5 (0)
2008Баруери (позајмен) 0 (0)
2009 Баруери 53 (4)
2010-2012 Коринтијанс 110 (3)
2012- Рома 11 (0)
Репрезентација
2006- Бразил 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Професионална кариераУреди

Раните годиниУреди

Кастан ја започнал својата кариера во екипата на Атлетико Минеиро, каде станал професионалец и дебитирал за првиот тим во 2005 година. Тој бил член на тимот сè до летото 2007 година, кога во август потпишал за шведскиот прволигаш Хелсинборг со слободен трансфер. Своето деби за клубот го направил на 24 септември 2007 кога тренерот Ханс Еклунд му дава можност да започне во стратните единаесет за мечот против Оребро. Натпреварот завршил со пораз на Хелсинборг од 4-3, иако Кастан и соиграчите воделе во текот на натпреварот со 0-2 до 25-тата минута. Така, Кастан дебитира со пораз во неговите настапи во Европа. По краток период тој го загубил првотимскиот статус и решил да се врати назад во Бразил во март 2008. Пред да замине од клубот, во февруари во натпревар од УЕФА Лига Европа тој го постигнал својот прв погодок против екипата на ПСВ Ајндховен во поразот со 1-2.

БаруериУреди

Тој му се приклучил на тимот на Гремио Баруери најпрво на заем, а потоа настапувал тука и со постојан договор. Уште на своето деби на 24 септември 2008, тој го постигнал својот прв погодок за клубот во победата со 3-1 над Бразиленсе. Тој потоа е редовен член на почетната постава на клубот, кој се натпреварува во Паулиста А1 и Серија А турнирите. Добрите перформанси и стабилната игра во одбрана му даваат шанса да направи трансфер во бразилскиот гигант Коринтијанс.

КоринтијансУреди

Кастан го направил своето деби за Коринтијанс на гостувањето кај Португеза во ремито 1-1 на 13 февруари 2010. Со текот на времето Кастан се утврдил во почетната постава и помага клубот да дојде до неколку значчајни успеси. Додека настапувал за Коринтијанс постигнал 3 гола, но и на трипати бил исклучен заради лоша дисциплина. Тој беше редовен член на клубот, во текот на Копа Либертадорес 2012 кога тимот стигнал до својата историска прва титула во ова натпреварување. Кастан ги одиграл и двата натпревари од финалето против Бока Хуниорс кој завршија 1-1 (на гости) и 2-0 (за Коринтијанс на домашен терен).

РомаУреди

Пред почетокот на сезоната 2012-13, Кастан потпишал со екипата на Рома за сума од 5,5 милиони евра. Своето деби го направил во првото коло од Серија А во сезоната, во натпреварот кој завршил без победник 2-2 против Катанија. Тој веднаш се вклопил во тимот и беше постојан стартер во секој од првите 11 натпревари на Рома во Серија А.

Репрезентативна кариераУреди

Кастан дебитирал за Бразил во пријателски натпревар против Јапонија на 16 октомври 2012, кој се одиграл во Полска.

ТитулиУреди

  КоринтијансУреди

Надворешни врскиУреди