Кучето Лајка, женски самоед-териер, било првото животно што на 3 ноември 1957 било лансирано со сателитот Спутник 2 во вселената каде што и престојувало 10 дена, со што се потврдиле тврдењата дека е можен живот во бестежинската состојба.

Лајка
Прекари Kudryavka
Вид Canis lupus familiaris
Пол женски
Од Советски Сојуз
Тежина 5 kg
Романска поштенска марка од 1959 со Лаика (насловот велеше "Лајка, првиот патник во косомос")

Основно

уреди

Првото суштество што патуваше во вселената беше женски самоед-териер, отпрвин крстено Кудрјавка (Кадравка), но подоцна преименувано во Лајка (од Лае). Пред мисијата било куче-скитник, и најдено е на улиците на Москва

Таа тежеше 6 килограми. Кабината на Спутник 2 имаше доволно простор за неа да може да лежи или стои. Систем за регенерација на воздухот ја снабдуваше кабината со кислород, а храна и вода беа давани во желатинирана форма. Лајка беше опремена со вреќа за собирање на отпадоци и електроди за набљудување на виталните знаци. Раната телеметрија покажуваше дека кучето било вознемирено, но сепак јадело.[1]

Судбината на Лајка

уреди

Во тоа време немаше технологија за успешно приземјување на товар на Земјата, што за Лајка значеше дека ќе биде препуштена да умре од недостаток на кислород по 10 дневен престој во вселената.

Но, тоа не беше случај. Дел од термалната изолација на леталото се искина по лансирањето и внатрешната температура достигна 40 °C. Ветеринарите кои ги следеа животните знаци на Лајка денот после лансирањето забележаа значаен пораст на внатрешната температура во биолошкиот оддел, кој настанал очигледно поради оштетеноста на системот за термална контрола. За време на целиот нејзин лет, Лајка претрпуваше мала нелагодност поради високата температура. Кучето конечно се предаде на исцрпеноста од топлината во четвртиот ден од мисијата, 7 ноември. Подоцнежните анализи поткрепени со телемтријата праќана од леталото потврдија дека Лајка умрела од преголема температура. Кучето изгоре во атмосферата заедно со Спутник 2, после 162 дена поминати во орбита.[1][2]

Важност на мисијата

уреди

Престојот на Лајка во вселената бил од огромна важност како за советската вселенска програма, така и за вселенските истражувања воопшто. Биле соберени многу важни податаци за тоа како се однесуваат живите организми во безтежинска состојба.

Без летот на Лајка и сличните потоа, Јуриј Гагарин на 12 април 1961 година немал да може да полета во вселената.

Надворешни врски

уреди

Спутник 2 - Кумановски Астрономски Клуб - Кокино

Цитати

уреди
  1. 1,0 1,1 Спутник 2 - Кумановски Астрономски Клуб - Кокино
  2. Spacecraft Encyclopedia