Лариса Косорукова
Лариса Косорукова-Песјакович (руски: Лариса Косорукова-Песяхович) (30 мај 1973) — русинка по потекло, израелска кануиста-спринтер која што се натпреваруваше од средината на 1990-тите до средината на 2000-те. Таа освои три бронзени медали на ИКФ Светските Кану Спринт Првенства, освојувајќи ги во 1995 (дисциплина:К-2 200 метри за Русија под своето моминско презиме Косорукова), 1998 (дисциплина К-2 1000 метри за Израел под нејзиното сегашно презиме Песјакович), и 2002 (дисциплина К-2 1000 метри за Израел под нејзиното сегашно презиме).
Медали | ||
---|---|---|
Кану спринт мажи | ||
1995 Дисбург | K-2 200 m | |
1998 Шегед | K-4 200 m | |
2002 Севиља | K-2 1000 m |
Косорукова-Песјакович исто така се натпреваруваше на три Летни олимписки игри. Натпреварувајќи се за Русија на Летните олимписки игри во 1996, Атланта, таа заврши на седмото место во дисциплината К-4 500 метри и осмо место во дисциплината К-2 500 метри. На олимписките игри во Сиднеј, Косорукова-Песјакович се натпреваруваше за Израел во дисциплината К-2 500 метри, но беше елиминирана во полуфиналето. Таа ја заврши нејзината олимписка кариера на олимписките игри во 2004 завршувајќи на своето најдобро олимписки место (шесто) во дисциплината К-1 500 метри.
Косорукова-Песјакович се пресели во Израел за време на 1998 ИКФ Светските Кану Спринт Првенства во Шегед.
Наводи
уреди- ICF medalists for Olympic and World Championships - Part 1: flatwater (now sprint): 1936-2007. Архивирано на 5 јануари 2010 г.
- ICF medalists for Olympic and World Championships - Part 2: rest of flatwater (now sprint) and remaining canoeing disciplines: 1936-2007.Архивирано на 11 март 2016 г.
- Sports-reference.com profile Архивирано на 11 јануари 2012 г.
Оваа биографска статија за личност од Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |