Лаење на ѕвезди
„Лаење на ѕвездите“ (српски: Лајање на звезде) — филм на режисерот Здравко Шотра, првпат прикажан на 1 јануари 1998 година. Главните улоги ги играат: Драган Миќановиќ, Наташа Шолак, Никола Ѓуричко, Велимир-Бата Живојиновиќ, Никола Симиќ и Игор Первиќ.[2]
„Лаење на ѕвезде“ | |
---|---|
Режисер | Здравко Шотра[1] |
Продуцент | Комуна филм, Радио-телевизија Србија |
Музика | Војкан Борисављевиќ |
Премиера | 1998. |
Времетраење | 95 мин. |
Земја | Југославија |
Јазик | Српски јазик |
Опис на филмот
уредиДејството на филмот „Лаење на ѕвезди “ се одвива во мал провинциски град во 1963. година. Јунаците на оваа духовна приказна се yчениците и наставниците од една провинциска гимназија и одделението IV-2. Нивните случки се препознатливи и блиски на секој кој има претства за среношколскиот живот, ама сепак се и многу лични. Главниот јунак е Михаило Кнежевиќ кој со духот, интелигенцијата и со знаењето се издигнува меѓу останатите ученици, а често и и над професорите. Нему школското знаење не му е проблем, но неговиот проблем е девојката од класот која се обидува да ја освои. Главниот соперник му е брат му, момче кое веќе знае да заработува пари, па училиштето не му е потребно. Тука е и ученикот кој се расфрлува со сила и кога професорот по физичко воспитување фанатично ги тренира за боксерски шампион, сè додека не се врати во престолнината по загубен меч со свиткан опаш. Еден од учениците е „златно дете“ за професорите, а умилкувач за другарите. Најмногу се оние кои поседуваат оскудно знаење и се обидуваат да го надоместат со трикови и досетки. Сликовито се претставени ликовите на професорите кои секој на свој начин, е малку „луд“. Нервозниот директор не знае што му е потешко: дали да ги смири немирните ученици или лудите професори. „Учениците ќе си заминат, а професорите ми остануваат“, се жали директорот.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Лајање на звезде“. РТС. Посетено на 25 јануари 2020.
- ↑ 2,0 2,1 РТС, In memoriam Милован Витезовић - Лајање на звезде (пристапено на 23.3.2022)