Христов монограм
симбол
(Пренасочено од Лабарум)
Христов монограм, или Лабарум (☧), се состои од првите две грчки букви во зборот Христос (грч. ΧΡΙΣΤΟΣ, или Χριστός), буквите Х (Хи) и Р (Ро). Првпат го употребил римскиот цар Константин.
буквата Р честопати се прикажува така да потсетува на пастирски стап, а буквата Х да потсетува на крст, претставувајќи го Исус Христос како добар пастир на својата паства, христијанската црква.
- На патот за Вечниот Град, Константин доживеал мистично искуство после кое отворено се определил за христијанската вера. По Лактанциј, чиј е списот „За смртта на прогонителите“ настанат веќе околу 317/8 година на Константин во сон, во ноќта која и претходела на битката крај Милвијскиот мост, му е наложено на штитовите на своите војници да ја стави буквата Х со вертикална црта закривена кај врвот така да формира христорам. По Константиновиот биограф епископот Евсевиј Цезарејски, кој царевата биографија ја составил нешто по 337 година, царот лично и под заклетва неколку години подоцна му го раскажал целиот настан. По Евсевиевата приказна во Vita Constantini, царот се молел на бога кого го почитувал и неговиот татко и следниот ден на небото, над сонцето, Константин и неговата војска забележале светлосен крст со натпис "со ова победувај" (τουτο νικα). Царот не бил сигурен во значењето на визијата додека во сон не го посетил Христос и му препорачал да направи воено знаме во форма на знакот виден на небото и да го искористи во битката. Утредента Константин наредил да се искове воено знаме (labarum) со венеце на врвот во кое се наоѓала споена грчката буква Х и Р во вид на Христов монограм. После тоа, царот одлучил да го следи Бог, кој му се покажал и собрал околу себе христијански свештеници од кои побарал да го упатат во Христовата вера.
Подоцна Константин Велики се појавил како посредник и го свикал Првиот васеленски собир во Никеја во 325 година. На почетокот на заседанието се обратил на собирот апелирајќи на слога.
Галерија
уреди-
Знак (Хи-Ро)
-
Христов монограм(руски манастир, Јерусалим)
-
Христов монограм, на знаме на руско подворје (Православно палестинско друштво), Јерусалим
-
Цариградски саркофаг со знак (Париз)
-
Мозаик на базиликата Сан Клементе, Рим
-
Знак (Хи-Ро), Јерусалим
-
Знак на зграда на гробишта, Француска
-
Мозаик со знак (Хи-Ро), Британски музеј
-
Знак Хи-Ро, Милано
-
Христов монограм на ковани пари, во времето на Константин Велики
-
Знак на ковани пари, во времето на Јустин Втори
-
Репродукција на фрески, со Христов монограм во средина, од Нишката ранохристијанска некропола
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Христов монограм“ на Ризницата ? |