Лабаничка Река
Лабаничка Река — река во Костурско, Егејска Македонија и Девол, Албанија, лева притока на Четирска Река.[1][2]
Лабаничка Река | |
---|---|
Местоположба | |
Земји | Грција, Албанија |
Крај | Костурско, Егејска Македонија Девол |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Д’мбенска Планина |
• координати | 40°37′02″N 21°06′19″E / 40.6173° СГШ; 21.1053° ИГД |
Устие | |
• место | Четирска Река кај Голем Сивендрик |
• координати | 40°33′06″N 21°00′22″E / 40.5517° СГШ; 21.0062° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение
уредиРеката извира во Костурско од Д’мбенска Планина северно под врвот Мали Мади (1.655 м) под името Бискова Чешма[1] или Бикова Чешма.[2] Тече на југозапад и минува низ напуштеното село Лобаница (Лабаница), чие име го носи. Ја прима левата притока Косинечка Река (Костенечка Река) која доаѓа од Косинец и одовде ја следи границата со Албанија и тече на југ, носејќи го името Косинечка. Во местноста Жупан Чифлик свртува на запад и се влева во Четирска Река како нејзина лева притока кај граничната пирамида бр. 36.[1]
Притоки
уреди→ лева, ← десна
- → Косинечка Река
- ← Извор
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ 2,0 2,1 Korçë GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. 610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University. London: War Office. 1944.