Триглицерид
Триглицериди — прости липиди, односно глицериди кои се естери меѓу трихидроксилниот алкохол глицерол и вишите масни киселини.
Триглицеридите на собна температура можат да бидат течни или цврсти, во зависност од тоа дали се естерифицирани со заситени виши масни киселини (како стеаринска, палмитинска киселина итн.), кои обично даваат цврсти масти, или со незаситени виши масни киселини (олеинска, линолна итн.), при што се добиваат течни масти, или уште попознати како масла.