Куќа на Талеви
Куќа на Талеви (Куќа на Ставре Талев и Куќа на Милчо Талев) — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура. Објектот е еден од ретките во голема мера изворно сочувани претставници на охридската староградска архитектура од XIX век
Куќа на Талеви | |
---|---|
Поглед на куќата | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | крај на XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Историја
уредиТеренот на кој е изграден објектот е исклучително стрмен, со пад кон исток. Така, источната страна на објектот со визбата е на ниво на улицата “11 Октомври”, а западната страна со катот околу 5,5 м повисоко и излегува на улицата “Нада Филева”. Дел од просториите од подрумот и катот се вкопани во карпа.[1]
Архитектура
уредиКуќата е со катност од визба (керал), приземје и кат. Во визбата порано се чувало виното, зимници и дрва, а сега се сместени визбите на сопствениците, летна кујна и работилница. Подот бил земјан, а сега делумно е 73 60. Куќата на Тримшеви со терацо. Во приземјето се организирани дневните функции - готвење и боравок, а на катот се сместени гостинските соби и спалните. Од приземјето на катот водат дрвени скали, подовите се од штици, а таваните малтерисани, со исклучок на таванот во една соба во приземјето, каде е сочуван автентичен таван во резба.
Куќата е изградена со природни материјали, карактеристично за епохата. Приземјето и подрумскиот дел се од камен со дебелина од 80 см, а катот е од дрвен бондрук. Меѓукатните и кровната конструкција се дрвени, а покривањето е со ќерамида. На голем дел од куќата постојната столарија е заменета со нова, несоодветна, што во голема мера ја деградира автентичноста на објекто
Објектот е со исклучително атрактивни фасади, една од најубавите во околината, со убави визури. Има еркерно исфрлени чардаци потпрени со дрвени косници, експонирани оџаци, бело е обоена со дрвени опшиви и со богато профилирани стреи.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). „Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1“ (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 71.
- ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 72.