Куќа на Софка Шутева
Куќа на Софка Шутева — стара куќа во градот Охрид прогласена за значајно културно наследство на Македонија како претставник на македонската староградска архитектура.
Куќа на Софка Шутева | |
---|---|
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | крај на XIX век |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Историја
уредиОбјектот е типичен претставник на староградската охридска архитектура, изграден е во XIX век и изворно сочуван. Куќата е изградена на специфична локација, на терен во пад и е карактеристичен пример на органска архитектура што произлегува од конфигурацијата на теренот. Објектот претставува дел од низа станбени објекти на улицата и поседува архитектонска и споменичка вредност, како еден од ретките изворно сочувани добра во рамките на комплексот “Месокастро”.[1]
Архитектура
уредиКуќата е со катност од приземје и еден кат, изграден од природни материјали, карактеристични за епохата. Приземјето е изведено од камен, малтерисано, а катот е од дрвена бондручна конструкција, малтерисан. Подната, меѓу катната и кровната конструкција се дрвени, а покривањето е со стара турска ќерамида. Катот на објектот е еркерно исфрлен и потпрен со карактеристични дрвени косници, на фасадата се забележливи дрвени опшиви, а прозорците се со стилски обележја карактеристични за XIX век, изведени на принцип “гиљотина”, со вертикално поместување. Куќата има профилирана стреа и мошне специфична сина боја на фасадата.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 74.