Куќа на Групчеви

куќа во Охрид

Куќа на Групчеви — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија.[1]

Куќа на Групчеви
Поглед на куќата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видкуќа
Стилнеокласичен
ГрадОхрид
Земја Македонија
Завршена1930
Технички податоци
Катови2

Архитектура

уреди

Куќата е сместена на кејот „Македонија“ бр. 2 (старо име кеј „Маршал Тито“) — главното градско шеталиште. Изградена е во 1930 година во неокласичен стил од непознати мајстори.[1] Му припаѓала на семејството Групчеви.[2]

Градбата е поставена самостојно и се состои од приземје и кат. Има богата јужна фасада. Влезот е поставен средишно, со богато обработена дрвена врата, нагласена од два украсни столба со скромни капители на кои се потпира балконот; во помали димензии продолжуваат на катот, каде завршуваат со капители со стилизирани растителни мотиви. Од страните на влезот и балконот на катот има симетрично по еден пар прозорци на приземјето и на катот. Околу прозорците има дискретни рамки, со полукружен лак на приземјето и правоаголни на катот. Балконската ограда има керамички балустради. Фасадата над балконот завршува со тимпанон со натпис „1930“ со украси својствени за класичниот академизам, а истото важи и за аглите и венците на градбата. Другите фасади се поскромни и немаат симетрија.[1]

Градбата е масивна, со носечки ѕидови од полна тула. Меѓукатната и покривната конструкција се дрвени.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Куќа на ул. Кеј Маршал Тито бр. 5“. Управа за заштита на културното наследство. Архивирано од изворникот на 2016-03-20. Посетено на 6 септември 2017.
  2. Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 82.