Куќа на Григор Прличев
Куќа на Григор Прличев — стара куќа во градот Охрид, прогласена за значајно културно наследство на Македонија. Како родна куќа на писателот Григор Прличев, таа е претворена во негов спомен-дом, дел од Заводот за заштита на спомениците и музеј на градот.[1]
Куќа на Григор Прличев | |
---|---|
Поглед на куќата со биста на Прличев | |
Општи податоци | |
Статус | споменик на културата |
Вид | куќа |
Стил | староградски |
Град | Охрид |
Земја | Македонија |
Завршена | почеток на XIX век 2000 |
Технички податоци | |
Катови | 2 |
Историја
уредиКуќата се наоѓа во стариот дел на градот, близу до Долни Сарај и црквата „Св. Софија“, во југоисточното подножје на повисокиот охридски рид, на улица „Григор Прличев“ бр. 66. Изградена е веројатно на почетокот на XIX век. Во 1930-тите била во урнатини. Кога Кирил Прличев се вратил во Охрид по бугарската окупација во 1941 г., тој не се вселил во родната куќа, туку во куќата на Ракичевиќ, која е во долниот дел на градот.[1]
Зачувани се два документа за оригиналниот изглед на куќата — скица на горниот кат од Нико Този од 1943 г. која се чува во Државниот архив во Софија и разгледница од 1915 г. Во 1997 г. е покрената иницијатива за обнова на куќата како спомен-дом на Прличев. Камен-темелникот е удрен во 1998 г. Архитект е охриѓанецот Митко Паскали. Дарител на средства бил стопанственикот Минчо Јорданов. Отворена е за јавноста на 6 февруари 2000 г.[1][2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Меморијална куќа на Григор Прличев“. Национална установа – Завод за заштита на спомениците на културата и Mузеј – Охрид. Посетено на 8 септември 2017. no-break space character во
|publisher=
во положба 20 (help) - ↑ Петровска, Светлана, Александар Целески, Надежда Поп-Костова, Горан Патчев (2016). Студија за интегрирана заштита на Старото градско јадро (предлог план). Дел 1 (PDF). Охрид: Национална Установа –Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид. стр. 54.
Надворешни врски
уреди- Куќа на Григор Прличев на Ризницата ?