Култура на чај во Мексико
Мексиканската култура на чај е позната по традиционални билни чаеви за кои се верува дека имаат лековити својства. Во последните децении, увезените чајни напитоци се популаризирале и во Мексико. Рецептите за мексикански чај станале популарни и надвор од Мексико.
Историја
уредиНа територија на денешното Мексико растат многубројни автохтони растенија кои биле користени од локалните култури за правење инфузии со векови пред шпанската колонизација. Сепак, чаевите од Европа и Азија не се воведени во мексиканското земјоделство и допрва треба да го достигнат нивото на популарност како што го имаат во многу други земји. Климата во Мексико е разновидна, од пустини до планински висорамнини и тропски дождовни шуми на југоисток. Југоисточниот регион може да биде поволен за одгледување и на увезени чаеви.[1]
Мал број истакнати установи во Мексико Сити имаат формални чајџилници во кои што се служи чај во британски стил, вклучувајќи ги и хотелот Маркиз Реформа и хотелот Президент Интер-Континентал Мексико Сити.[2]
Билни чаеви
уредиБилните чаеви се вообичаени во Мексико. Многу видови на билки, домашни и увезени, се продаваат низ мексиканските пазари. Традиционалните лековити билни инфузии се вообичаени и во некои мексикански имигрантски заедници во Соединетите држави.[3]
Покрај тоа што се користи растението Hedeoma drummondii за правење пијалоци во Мексико, ова растение се користело и како кулинарски зачин од домородните култури северно од Мексико. Утврдено е дека Poleo чајот е богат со антиоксиданси.[4]
Hierba buena (добра билка) е името кое е дадено на различни чаеви од нане што се продаваат низ многу пазари во Мексико. Ова растение е слично на yerba mate, кое се користи во многу земји од Латинска Америка како мате, и пошироко се смета дека има здравствени придобивки. Благите стомачни проблеми често се третираат со напиток од лимонова трева или лимон.
Традиционалните мексикански чаеви треба да се консумираат со голема претпазливост, бидејќи погрешните дози на одредени видови чај може да бидат токсични.[5]
Во Мексико и Бразил најчесто се пие чај од дамјана направен од лисја од дамјана кое се користи за лекување на импотенција.[6] Ацтеките користеле ист вид на чај.
Чајот од камилица е популарен во Мексико.
Модерни чаеви
уредиJамајканскиот леден чај е популарен билен чај направен од цвеќиња и лисја на јамајканската билка хибискус (Hibiscus sabdariffa), позната и како flor de Jamaica во Мексико. Се служи ладно и прилично слатко со многу мраз. Црвениот пијалак, наречен на македонски чај од хибискус, во Мексико е познат како агуа де Јамајка (вода од Јамајка) и е широко достапен во рестораните и кај уличните продавачи.[7]
Чампурадо
уредиЧампурадо е мексикански чоколаден пијалак, понекогаш погрешно наречен мексикански чоколаден чај. Тоа е популарен рецепт кој се извезува и во САД. Овој пијалак се прави со зачини од чоколадо и цимет. Чампурадото бил традиционален пијалак на Ацтеките, направен од зрна какао.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Mexico“. Rate Tea. Посетено на October 23, 2011.
- ↑ „Tea Rooms“. Tea Guide. Архивирано од изворникот на October 13, 2011. Посетено на October 23, 2011.
- ↑ Jane E. Poss; Mary Ann Jezewski; Armando Gonzalez Stuart (November 2003). „Home Remedies for Type 2 Diabetes Used by Mexican Americans in El Paso, Texas“ (PDF). Clinical Nursing Research. No. 4. 12: 304–323. doi:10.1177/1054773803256872. Архивирано од изворникот (PDF) на November 25, 2011. Посетено на October 23, 2011.
- ↑ Ezequiel Viveros-Valdez; Catalina Rivas-Morales; Pilar Carranza-Rosales; Sandra Mendoza; Guillermo Schmeda-Hirschmann (May–Jun 2008). „Free radical scavengers from the Mexican herbal tea "poleo" (Hedeoma drummondii)“. Zeitschrift für Naturforschung C. 63 (5–6): 341–6. doi:10.1515/znc-2008-5-606. PMID 18669018.
- ↑ „Medicinal plants of Mexico“. Sparks Mexico. Архивирано од изворникот на 25 ноември 2019. Посетено на October 23, 2011.
- ↑ Damiana Uses, Benefits & Side Effects - Drugs.com Herbal Database. www.drugs.org.
- ↑ „Jamaica iced tea“. Cooking in Mexico. Архивирано од изворникот на November 4, 2011. Посетено на October 23, 2011.