Лебница (река)

(Пренасочено од Кузманица)

Лебница или Лебничка река — река во источна Македонија, десна притока на Струма.

Извор, течение и устие

уреди

Извориштето се наоѓа под врвот Огражденец (1.744 метри), највисок на планината Огражден. Тече меѓу Малешевските Планини и Огражден со што претставува нивна природна меѓа. Реката се влева во Струма кај селото Лебница.

Особености

уреди

Вкупниот тек од изворот до утоката изнесува 50 км, од кои 8 на територијата на Р Македонија во нејзиниот источен дел, останатите 42 км во југозападниот дел на Пиринска Македонија, денес во Бугарија. Сливната површина изнесува 318 км2. Има среден проток од 2,64 м3, со горна граница од околу 101 м3 (заб. 1953 г.). Поголеми притоки се: од десната страна — Тролски Дол, а од левата страна — Црвилска и Добрилачка Река. Во нејзините води живее пастрмка.

Значење

уреди

Се користи за наводнување. На левиот брег се наоѓа резерватот „Соколата“. Поголем дел од долината на реката е зафатен од заштитената мрежа „Натура 2000“.