Мекица
Мекица, тиганица или питулица— македонско традиционално јадење од меко тесто кое се пржи во врело масло. Вообичаено мекиците се користат за појадок придружени со сирење или со џем. Исто така во доста краеви во Македонија мекиците се даваат за новороденче, при што некаде истите ги спрема свекрвата, а некаде мајката на родилката. Во денешно време сè почесто овој обичај се прави во ресторан или друг угостителски објект[1].
Мекици со сирење | |
Други имиња | тиганица, питулица |
---|---|
Дел од оброкот | појадок |
Место на потекло | Македонија, Србија, Бугарија |
Температура на послужување | топло и ладно |
Главни состојки | брашно, вода, сол, квасец |
Рецепт
уредиПостојат повеќе варијанти за спремање на тестото за мекици, во некои тестото се спрема со млеко, во други со јогурт, а трети се само со вода. 1 кг брашно заедно со 1 квасец, 1/2 прашок за печиво, 2 јајца, 1 лажиче сол се раствораат во 400-500 мл вода така што да се добие густа смеса, потоа садот се покрива со крпа и се остава да кисне 25 минути. Потоа смесата се меша со дрвена лажица и повторно се остава да кисне 25 минути. Истото се прави и третпат со тоа што овој пат се додаваат две лажици бела киселина. Тестото се дели, добиените делови се тегнат со влажни раце, и се пржат во врело масло [2]