Критската држава (грчки: Κρητική Πολιτεία; османски турски: كريد دولتى) била основана во 1898, после интервенцијата на Големите сили (Обединетото Кралство, Франција, Италија, Австроунгарија, Германија и Русија) на островот Крит. Во 1897, Критското востание довело до тоа Османлиската империја да ѝ прогласи војна на Грција, која довела до интервенција на Обединетото Кралство, Франција, Италија и Русија под образложение дека Османлиската империја повеќе не може да ја одржува контролата. Тоа било увертира на конечната анексија на островот од Кралството Грција, која де факто се случила во 1908, а де јуре во 1913 после Првата балканска војна.

Население

уреди

Вкупното население во 1911 изнесувало 336,151.[1]

Религија Бројност
Христијани 307,812[1]
Муслимани 27,852[1]
Евреи 487[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 First encyclopaedia of Islam: 1913–1936, M. Th Houtsma, page 879