Крис Норман
Кристофер Вард Норман (англ: Christopher Ward Norman; роден на 25 октомври 1950) е англиски софт рок пејач. Норман бил првиот пејач на англиската рок група Smokie,[1] (1964–1986), која забележала успех во Европа во 1970-тите. Неговиот дует со Сузи Кватро од 1978 година „Stumblin' In“, бил голем хит во САД.
Крис Норман | |
---|---|
Крис Норман во 2008 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кристофер Вард Норман |
Роден(а) | 25 октомври 1950 Редкар, Северен Јоркшир, Англија |
Жанрови | Софт рок |
Занимања | Музичар, текстописец |
Период на активност | 1964–денес |
Издавачи | BMG, Edel Records |
Соработници | Smokie, Chris Norman Band, Сузи Кватро |
Мреж. место | chris-norman.co.uk |
Живот и кариера
уредиНорман својата прва гитара ја добил на седумгодишна возраст. На почетокот на неговата музика влијаеле: Елвис Присли, Литл Ричард, Отис Рединг и Лони Донеган.[2]
Во детството, родителите на Норман често се селеле и како резултат на тоа живеел во многу градови во Англија, како Редкар, Лутон, Кимптон и Нотингем. Во 1962 година, семејството се преселило во родниот град на неговата мајка, Бредфорд. Норман се запишал во тамошното училиште, каде што ги запознал Алан Силсон и Тери Утли, идните членови на Smokie.
Како тинејџери, биле под влијание на групите од новата ера како Битлси и Ролинг Стоунс, а потоа и тогаш фолк пејачот Боб Дилан.[3]
Во 1970 година, Норман се оженил со неговата сопруга Линда и заедно имаат пет деца. Од 1986 година, живеат на Островот Ман.[4]
Во 1978 година, Норман снимил дует со Сузи Кватро, „Stumblin' In“, кој стигнал до 4 место на американскиот Билборд Хот 100 и бил продаден во над еден милион примероци.[5][6]
Во 1986 година, со песната „Midnight Lady“ Норман ја започнал својата соло кариера. Midnight Lady била хит низ цела Европа, а во Германија шест недели била на прво место(каде што била продадена во 900.000 примероци).[7] Имал успех и со песните „ Some Hearts Are Diamonds“, „No Arms Can Ever Hold You“, „ Broken Heroes“, „Fearless Hearts“, „Fearless Hearts“ и „Baby I Miss You“.[8] Во 1994 година, Норман од CMT Europe ја добил наградата „Меѓународна видео ѕвезда на годината“.
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- 1982: Rock Away Your Teardrops
- 1986: Some Hearts Are Diamonds
- 1987: Different Shades
- 1988: Hits from the Heart
- 1989: Break the Ice
- 1991: The Interchange
- 1992: The Growing Years
- 1993: Jealous Heart
- 1994: The Album
- 1994: Screaming Love Album
- 1995: Every Little Thing
- 1995: Reflections
- 1997: Into the Night
- 1997: Christmas Together
- 1999: Full Circle
- 2000: Love Songs
- 2001: Breathe Me In
- 2003: Handmade
- 2004: Break Away
- 2005: One Acoustic Evening — CD & DVD (Live at the Private Music Club/Live in Vienna)
- 2006: Million Miles
- 2006: Coming Home
- 2007: Close Up
- 2009: The Hits! From His Smokie And Solo Years
- 2009: The Hits! Tour – Live at the Tempodrom, Berlin (Deutschland) DVD
- 2009: The Hits! Tour – Live at the Tempodrom, Berlin (Dänemark) DVD
- 2011: Time Traveller
- 2013: There And Back
- 2015: Crossover
Награди
уредиНаводи
уреди- ↑ Kohn, Michael (January 2006). Dateline Mongolia: An American Journalist in Nomad's Land. RDR Books. стр. 87–. ISBN 978-1-57143-155-4. Посетено на 7 August 2011.
- ↑ „Interview with CHRIS NORMAN“. DMME.net (англиски). Посетено на 2023-03-08.
- ↑ „Interview with Chris Norman | The original voice of Smokie“. blackvelvetradio.gr (англиски). 2019-01-11. Архивирано од изворникот на 2023-03-08. Посетено на 2023-03-08.
- ↑ Norman, Susan. „Official Chris Norman Fanclub - Private“. www.chrisnorman-fc.com (германски). Посетено на 2023-03-04.
- ↑ Strong, Martin C. (2000). The Great Rock Discography (5. изд.). Edinburgh: Mojo Books. стр. 785–786. ISBN 1-84195-017-3.
- ↑ Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 444. ISBN 1-904994-10-5.
- ↑ „INFINITY CHARTS: German Top 20“. Ki.informatik.uni-wuerzburg.de. Архивирано од изворникот на 2023-03-26. Посетено на 2 March 2014.
- ↑ Jason Birchmeier (25 October 1950). „Chris Norman | Biography & History“. AllMusic. Посетено на 26 January 2016.
- ↑ „Silver Lion“. Rtlradio.de. Посетено на 6 April 2020.
- ↑ „ARD Goldene Europa“. Web.ard.de. Посетено на 6 April 2020.[мртва врска]
- ↑ „Die Otto-Sieger 1986“. Bravo-archiv.de. Посетено на 2023-03-04.
- ↑ „CMT Europe“. Архивирано од изворникот на 19 February 2012. Посетено на 6 April 2020.
- ↑ „RPR.1“. Rpr1.de. 9 August 2016. Посетено на 6 April 2020.
- ↑ „ARD Goldene Europa“. Regenbogen.de. Посетено на 6 April 2020.