Smokie
Smokie (оригинално напишано Smokey ) ― англиска рок група од Бредфорд, Јоркшир. Групата станала успешна откако ја започнала соработката со продуцентите Мајк Чепмен и Ники Чин. Групата често го менувала составот и во 2023 година сè уште одржувале турнеи. Нивната најпопуларна песна, „Living Next Door to Alice“ (1975), се искачила на трето место на топ-листата во Обединетото Кралство,[2] до 25-тото место на Billboard Hot 100 и на прво место на австралиската топ-листа.[3] Други популарни песни на групата се „If You Think You Know How to Love Me“, „Oh Carol", „Lay Back in the Arms of Someone", и „I'll Meet You at Midnight".
Smokie | |
---|---|
Smokie на настап во Ајнзидел, Германија во јуни 2009 година | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Smokey |
Потекло | Брадфорд, Јоркшир, Англија |
Жанрови | Поп-рок, софт-рок, глам-рок[1] |
Период на активност | 1964–денес |
Издавачи | Rak EMI/BMG RSO |
Мреж. место | www.smokie.co.uk |
Историја
уредиПочетоци
уредиГрупата била основана во октомври 1963 година под името „The Yen“ по случајна средба меѓу Рон Кели и Алан Силсон во музичка продавница во Брадфорд. Два дена подоцна на пробите им се придружил Крис Норман, но немале соодветен басист и една година само вежбале заедно. Во 1965 година им се придружил басистот Тери Утли. Набрзо го смениле името во The Sphynx, а подоцна и во Essence. Свиреле по локалите во околината на Брадфорд без позначителен успех. Во ноември 1967 година групата го сменила своето име во „The Four Corners“.
Во април 1968 година, групата почнала да соработува со менаџерот Марк Џордан, кој ги посоветувал да го сменат името во „The Elizabethans“. Групата сега станала целосно професионална. Во јануари 1970 година, RCA Records покажала интерес за групата и предложила промена на името во „Kindness“. Двојната А-страна „Light of Love“/„Lindy Lou“ била објавена на 3 април 1970 година. Во февруари 1972 година склучиле договор со Decca за објавување три сингла.
Пат до славата
уредиВо 1974 година, преку Бил Харли се запознале со тапанарот Питер Дејвид „Пит“ Спенсер и стапиле во контакт со познатото дуо текстописци Ники Чин и Мајк Чепмен (Chinnichap Records), кое претходно напишало песни за глам-рок изведувачи како: Sweet, Mud и Сузи Кватро. На почетокот „Chinnichap“ ги одбил, но упорниот Харли успеал да ги убеди композиторите/продуцентите да ѝ дадат шанса на групата. Харли и Чиничап почнале да работат со групата и предложиле групата да го смени името во „Smokey“.
Тие купиле нови инструменти и кон крајот на 1974 година почнале да го снимаат нивниот прв албум Pass It Around кој бил објавен на 14 февруари 1975 година.
Врв на популарноста
уредиСмоки Робинсон се заканил дека ќе поднесе тужба затоа што сметал дека името на групата ќе ја збуни публиката. За да избегне тужба, групата го сменила името во „Smokie“. На 22 септември 1975 година го објавиле нивниот албум Changing All the Time. Првиот сингл од новиот албум „If You Think You Know How to Love Me“ ненадејно станал хит во многу европски земји и стигнал до трето место на топ-листата во Велика Британија.[4] Преку ноќ станале ѕвезди на островот.
Третиот албум бил делумно продуциран во САД, каде што се преселил Ники Чин. Следните години групата објавила низа успешни песни: „Something's Been Making Me Blue“, „Wild Wild Angels “ и „I'll Meet You At Midnight"“. Нивната преработкс на песната од австралиската група New World, „Living Next Door to Alice“, објавена во ноември 1976 година, стигнала до број 5 на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство, проследена со друг хит „Lay Back in the Arms of Someone“. [5] Smokie сега веќе биле европски суперѕвезди,[5] со распродадени турнеи и продадени албуми во милиони примероци. Следните два албума, Bright Lights & Back Alleys (1977) и Албумот Монтре (1978), го зацврстиле нивниот статус.
При врвот на популарноста на Smokie во 1978 година, Крис Норман снимил дует со Сузи Кватро „Stumblin' In“ — уште една композиција на Чиничап. Норман и Кватро биле на врвот на европските топ листи и стигнале до Топ-10 во САД, но само до бр. 41 во ОК. [6] Во 1978 година Smokie ја снимиле песната „Mexican Girl “. Компонирана од Норман и Спенсер, песната покажала дека групата активно се дистанцира од Чиничап. Крис Норман и Пит Спенсер го напишале и го продуцирале првиот сингл на британската фудбалска ѕвезда Кевин Киган, „Head Over Heels in Love “.[7]
Пад на популарноста и заминување на Норман
уредиНа почетокот од 1982 година, бил објавен последниот албум за EMI/BMG, Strangers in Paradise. Заминувањето од Чиничап станало забележливо. Набргу по објавувањето на Strangers In Paradise, се започнало да се работи на два албуми, едниот издаден од Smokie под името Midnight Delight, [8] и другиот прв соло-албум на Крис Норман, Rock Away Your Teardrops.[9] И двата албума слабо се продавале.
Во 1983 година, членовите на групата Алан Силсон, Крис Норман и Тери Утли заедно со Агнета Фелцког ја испеале песната „Once Burned Twice Shy“ од нејзиниот прв соло албум на англиски јазик насловен Wrap Your Arms Around Me. Крис Норман ја започнал својата соло кариера, а Тери Утли продолжил да свири бас за неколку други групи.
Членови
уредиСегашни
уреди- Стив Пинел – тапани (1986-денес)
- Мартин Булард – клавијатури (1986-денес)
- Мик Меконел – главна гитара, вокал (1996-денес)
- Пит Линколн – водечки вокал, ритам гитара (2021–сега)
- Лук Булард – бас, вокал (2021-сега; замена 2019)
Поранешни членови
уреди- Тери Утли – бас, вокал (1964–1966, 1968–2021; неговата смрт)
- Артур Хигинс – бас, вокал (1966–1968)
- Алан Силсон – главна гитара, вокал (1964–1996)
- Крис Норман – водечки вокал, ритам гитара, клавијатури (1964–1986)
- Пит Спенсер – тапани, вокал (1973–1986)
- Алан Бартон – водечки вокал, ритам гитара (1986–1995; неговата смрт)
- Мајк Крафт – водечки вокал, ритам гитара (1995–2021)
Времеплов
уредиДискографија
уреди- Pass It Around (1975)
- Changing All the Time (1975)
- Midnight Café (1976)
- Bright Lights & Back Alleys (1977)
- The Montreux Album (1978)
- The Other Side of the Road (1979)
- Solid Ground (1981)
- Strangers in Paradise (1982)
- Midnight Delight (1982)
- All Fired Up (1988)
- Boulevard of Broken Dreams (1989)
- Whose Are These Boots? (1990)
- Chasing Shadows (1992)
- Burnin' Ambition (1993)
- The World and Elsewhere (1995)
- Light a Candle (1996)
- Wild Horses – The Nashville Album (1998)
- Uncovered (2000)
- Uncovered Too (2001)
- On the Wire (2004)
- Take a Minute (2010)
Награди
уредиГодина | Номинирана | Награда | Исход |
---|---|---|---|
1975 | Best New Group | Saturday Scene British Pop Awards [10] | Победник |
1977 | Band | Gold Otto Bravo [11] | Победник |
1978 | Band | Gold Otto Bravo[12] | Победник |
1978 | Band | Silver Das Freiziet Freizeit Revue | Победник |
1979 | Band | Silver Otto Bravo[13] | Победник |
Наводи
уреди- ↑ „Smokie | Biography, Albums, & Streaming Radio“. AllMusic. Посетено на 2016-01-27.
- ↑ Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 510. ISBN 1-904994-10-5.
- ↑ John Bush. „Smokie | Awards“. AllMusic. Посетено на 2016-01-25.
- ↑ Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 510. ISBN 1-904994-10-5.
- ↑ 5,0 5,1 Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 510. ISBN 1-904994-10-5.
- ↑ Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 444. ISBN 1-904994-10-5.
- ↑ Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London: Guinness World Records Limited. стр. 297. ISBN 1-904994-10-5.
- ↑ „Smokie - Midnight Delight (Vinyl, LP, Album)“. Discogs.com. Посетено на 2016-01-25.
- ↑ „Chris Norman - Rock Away Your Teardrops (Vinyl, LP, Album)“. Discogs.com. Посетено на 2016-01-25.
- ↑ „London Weekend Saturday Scene Awards“ (PDF). Посетено на 6 April 2020.
- ↑ „Bravo Otto 1977“. Bravo-archive.de. Посетено на 6 April 2020.
- ↑ „Bravo Otto 1978“. Bravo-archive.de. Посетено на 6 April 2020.
- ↑ „Bravo Otto 1979“. Bravo-archive.de. Посетено на 6 April 2020.