Кристин Ото (родена на 7 февруари 1966 г.)[1]германски олимписки пливачки шампион. Таа е најпозната по успехот кој го остварила на Летните олимписки игри 1988 во Сеул, каде освоила шест златни медали, со што станала првата жена со освоени шест златни медали на една олимпијада.[2][3] На Светските првенства, таа освоила седум златни и два сребрени медали, а на Европските првенства, таа освоила девет златни медали.

Кристин Ото
220px}}
Кристин Ото во 1982 година
Лични информации
Целосно имеКристин Ото
Роден на7 февруари 1966(1966-02-07)(58 г.)
Роден воЛајпциг, Саксонија,
Источна Германија
Висина&100000000000001850000001,85 м
Тежина70 кг
Спорт
Земја Источна Германија
Дисциплиникраул, делфин, грбно

Кариера

уреди

Ото е родена во Лајпциг, Источна Германија, и започнала да плива на 12-годишна возраст, тренирајќи во спортска академија во Источна Германија. На 16-годишна возраст, таа учествувала на Светското првенство 1982 и го освоила златниот медал во трката на 100 метри грбно како и други два златни медали заедно со штафетниот тим на Источна Германија. По 1982 година, Ото ги променила тренерите и започнала да тренира други стилови на пливање. На следното Европско првенство, во 1983 година, Ото го освоила второто место на трката на 100 метри краул, завршувајќи зад сограѓанката Биргит Мејнеке.

Во 1984 година, Ото поставила светски рекорд во дисциплината 200 метри краул. Од неа се очекувало да освои многу златни медали на Летните олимписки игри 1984 во Лос Анџелес, но таа не била во можност да се натпреварува поради бојкотот на 14 земји од источниот блок, вклучувајќи ја и Источна Германија. Поради повреда таа морала да ја пропушти поголемиот дел од 1985 година, и не настапила на Европското првенство.

Ото се вратила да се натпреварува, пливајќи на Светското првенство 1986 во Мадрид, каде освоила четири златни медали (100 м краул, 200 м мешано, 4×100 м мешано and 4×100 м краул) и два сребрени медали (50 м краул, 100 м делфин). Нејзиниот успех продолжил на Европското првенство 1987 во Стразбур, каде таа освоила пет златни медали.

На Летните олимписки игри 1988 во Сеул, од неа повторно се очекувало да освои многу медали. Таа освоила шест златни медали, и поставила светски рекорди во дисциплините 50 м краул, 100 м краул, 100 м грбно и 100 м делфин.[4]

Ото се повлекла од пливањето во 1989 година.[5] Во 1993 година, таа бил примена во меѓународната пливачка куќа на славните. Таа моментално работи како спортски репортер за германска телевизија.

Наводи

уреди
  1. Kubatko, Justin. „Kristin Otto Biography and Olympic Results“. Olympics at Sports-Reference.com. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2009-06-09. Посетено на 3 July 2010.
  2. "Otto, Kristin." Chambers Biographical Dictionary. London: Chambers Harrap, 2007. Credo Reference. Web. 2 July 2011.
  3. "1988." The Hutchinson Chronology of World History. Abington: Helicon, 2010. Credo Reference. Web. 2 July 2011.
  4. "Swimming and Diving-Women." World Almanac & Book of Facts (2008): 868-869. Academic Search Premier. EBSCO. Web. 2 July 2011.
  5. „Swimmer to Retire“. The New York Times. New York: NYTC. 19 November 1989. ISSN 0362-4331. Посетено на 3 July 2011.