Кралство Холандија (1806 - 1810)

француска марионетска држава во Ниските Земји (1806-1810)

Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk Holland, француски: Royaume de Hollande) ― француска марионетска држава која постоела за време на Наполеоновите војни, од 1806 до 1810 година. Државата ја создал Наполеон Бонапарта во март 1806 година за полесна контрола на територијата на поранешната Батависка Република. Откако станал цар во 1804 година, Наполеон се обидел да ги уништи републиканските идеали на териториите под контрола на Франција и за крал на Кралството Холандија го назначил неговиот брат, Луј Бонапарта.[1] Името на најголемата покраина, Холандија, сега се однесувало на целата држава. Во 1807 година, кон кралството биле припоени Источна Фризија и Јефер.

Кралство Холандија
1806–1810
Flag of Холандија
Flag
Motto: Eendragt maakt magt  (холандски)[б 1]
"Единството создава моќ"
Location of Холандија
СтатусКлиентска држава на Француското Царство
Главен град
Говорени јазициХоландски, француски, долно германски, фризиски
Вероисповед
Протестантство, Католицизам
УредувањеМонархија
Крал на Холандија 
• 1806–1810
Луј I
• 1810
Луј II
Establishment
Историски периодНаполеонови војни
• Kingdom proclaimed
5 June 1806
• Annexed by the French First Empire
9 July 1810
• Основана
1806
• 
5 јуни 1806 (1806-06-05)
• 
9 јули 1810 (1810-07-09)
• Престанала да постои
1810
Претходници
Наследници
Батависка Република
Прво Француско Царство
Денес дел од

Во 1809 година, по Валхеренскиот поход, Холандија на Франција морала да ѝ ги отстапи сите територии јужно од реката Рајна.

Кралот Луј не ги исполнил очекувањата на Наполеон. Тој се обидел да им служи на холандските интереси и кралството било распуштено во 1810 година, а во 1813 година Холандија била анектирана од Франција. Кралството Холандија ја опфаќала територијата на денешна Холандија, со исклучок на Лимбург и делови од Зеланд, кои тогаш биле француска територија, но ја вклучувало и Источна Фризија. Кралството било прва формална монархија во Холандија од 1581 година.

Наполеоновиот брат, Луј Бонапарт, бил поставен за крал на Холандија на 5 јуни 1806 година. Прво, грбот на новото кралство требало да биде сличен на оној од Кралството Италија: орел со штит, со грбот на Обединетите Ниски Земји, а лавот да има кралска круна. Во декември 1806 година, А. Реноди го дизајнирал грбот на наполеоновиот орел со лавот од Обединетата Холандија. Околу штитот бил францускиот ред на Големиот Ајгл. Зад штитот имало вкрстени жезла, типични за Наполеоновата хералдика, а над штитот се наоѓала Наполеоновата ѕвезда.

Неколку месеци подоцна, на 20 Мај 1807 година, кралот Луј – како крал наречен „Лодевијк“ – го сменил грбот така што додал шлем, ја оставил ѕвездата на неговиот брат, а Големиот Ајгл го заменил со сопствениот холандски Ред на Унијата и околу штитот го додал старото холандско мото „Единството создава моќ“.

Историја

уреди
 
Кралот Лодевијк Бонапарта

Наполеон сметал дека Батависката Република станува премногу независна. Тој ги принудил Холанѓаните да го прифатат неговиот брат Луј Бонапарта за крал, а во спротивно на земјата ѝ се заканувало целосно припојување кон Франција. И покрај ова, многу граѓани биле среќни од доаѓањето на новиот крал. Но, имало и противење, бидејќи многумина стравувале дека новиот крал ќе наметне политика на регрутирање. Сепак, и покрај гневот на Наполеон, новиот крал не спровел регрутирање на голема војска која требало да го чува северниот дел од земјата од можни британски напади и да им помогне на француските војски во Германија и Шпанија.

Освен раскошно униформираната Кралска гарда, на војската на Кралството Холандија секогаш ѝ недостигале нови регрути, што било причина за распуштање или спојување на единиците. Регрутирањето на војници преку формирање еврејски полк или преку регрутирање на сите машки сираци во војската (познати како Велити) немале ефект, а се јавили и јавни немири.

Наполеон сакал Луј да биде нешто повеќе од само префект на Холандија. На пример, министрите биле именувани претежно од Наполеон. Сепак, Луј бил одлучен во намерата да биде што е можно понезависен од својот постар брат.[2] Покрај тоа што одбил да воведе регрутација, тој се потрудил да го научи холандскиот јазик, па и своето име, Лодевијк, го пишувал според холанскиот правопис. Тој се декларирал како Холанѓанец, а не како Французин и побарал од неговите министри да се откажат и од француското државјанство. Тој, исто така, побарал неговите министри и двор да зборуваат само холандски.

Поради економска блокада наметната од Наполеон, економијата во Кралството Холандија била во депресија; многу холандски граѓани набавувале стоки преку шверцери.

Откако британска војска во 1809 го нападнала Валхерен во т.н. Валхеренски поход, Наполеон го загубил трпението и решил Холандија да ја припои кон Франција. По присоединувањето на јужните провинции на Холандија кон Француското Царство, Наполеон го принудил кралот Луј да абдицира во 1810 година.[2] Синот на Луј, Наполеон Луј Бонапарта, една недела владеел со Кралството Холандија како Луј II, по што Наполеон го припоил и остатокот од кралството кон Франција. За време на овој период, кралицата Хортенс дејствувала како регент на Кралството.

Наполеоновото Кралство Холандија било краткотрајно, но по падот на Наполеон, постоењето на кралството било олеснителна околност за претставниците од династијата Орање од штатхолдери да се издигнат во ранг на монарси.

Наводи

уреди
  1. Jonathan Israel, The Dutch Republic: Its Rise, Greatness, and Fall 1477-1806. Oxford: Oxford University Press 1995, 1128.
  2. 2,0 2,1 „Kingdom of Holland“ (англиски). Encyclopædia Britannica. Посетено на 11 April 2023. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Britannica“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Библиографија

уреди

 

Надворешни врски

уреди


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.