Крадецот од Париз (филм)

„Крадецот од Париз“ (француски: Le voleur) — француски филм од 1967 година, во режија на Луј Мал (Louis Malle) според сценариото на Жан-Клод Карие (Jean-Claude Carriere) заснован врз романот на Жорж Дариен (Georges Darien). Главните улоги ги играат: Жан-Пол Белмондо (Jean-Paul Belmondo), Женевјев Бужол (Genevieve Bujold) и Мари Дибоа (Marie Dubois).[1]

Синопсис

уреди

Дејствието на филмот се одвива во Париз на почетокот од XX век. Жорж Рандал го одгледува неговиот богат вујко, кој му го краде наследството. Жорж се надева дека ќе се ожени со роднината Шарлот, но неговиот вујко ѝ договара брак со еден богат сосед. Во знак на одмазда, Жорж ги краде семејните дијаманти на свршениците и притоа толку ужива во таа случка, што станува крадец...[1]

Наводи

уреди