Коста Јовановиќ
Коста Бранко Јовановиќ ( 1924 во Скопје — 19 септември 1944 во Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно градско семејство. Откако го завршил основното училиште изучил занает и работел како механичар. По окупацијата на Македонија присилно бил протеран од родниот град. Соработувал и го помагал Народноослободителното движење. Во почетокот на септември 1944 година стапил во Втората косовска бригада, со која учествувал во борбите против Германците и балистите. На 19 септември 1944 година, храбро загинал во борбите против окупаторските сили.[1]