Коски на стапалата
Коските на нозете (латински: ossa metatarsalia) претставуваат пет долги коски кои го формираат докоренот на стапалото (латински: metatarsus).
Коски на нозете | |
---|---|
Скелет на стапалото, метатарзални коски (зелен дел) | |
Скелет на лево стапало, метатрзални коски (виолетов дел). | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | metatarsus ossa metatarsalia |
MeSH | A01.378.610.250.300.480 |
TA | A02.5.09.001 |
FMA | FMA:24492 |
Рспоред и поврзување
уреди- Се бележат со редни броеви од медијалниот кон латералниот раб на стапалото;
- со задните краеви се зглобуваат со тарзалните коски, а со предните се зглобуваат со горните фаланги од прстите.
Заеднички одлики
уредиСите пет коски се состојат од:
- тело, така што се стеснува и во долниот дел е конкавно, а во горниот дел е малку конвексно;
- база или заден крај, од страна на соседната коска содржи груба дорзална и плантарна површина за прикачување на лигаментите;
- глава или преден крај претставува конвексна зглобна површина и овозможува премин на некои тетиви.
Коски на прстите
уредиВо состав на коските на нозете се и коските на прстите од стапалото (латински: ossa digitorum pedis), кои се 14 долги коски или фаланги (латински: phalanges),распоредени во три дела (проксимален, среден и дистален) секој прст има по три фаланги, а палецот две фаланги.
Зглобови
уредиЗглобови на прстите од стапалото (латински: articulationes metatarsophalangeae) ги поврзуваат метатарзалните коски со горните фаланги од прстите и вршат движење на флексија, екстензија, абдукција, аддукција и циркумдукција на прстите;
Мускули
уредиВо стапалото се наоѓаат 20 мускули поделени на дорзални и плантарни:
- плантарните се делат на три групи: медијална, средна и латерална и дејствуваат како активни врски на сводовите од стапалото.
Галерија
уреди-
Метатарзални коски (зелен дел).
-
Облик на метатарзалните коски.
-
Коски на стапалото (метатарзални коски и фаланги).
-
Дел од коските на ногата и целосен приказ на коските на стапалото.
-
Изглед на првите метатарзални коски.
-
Изглед на вторите метатарзални коски.
-
Изглед на третите метатарзални коски.
-
Изглед на четвртите метатарзални коски.
-
Изглед на петтите метатарзални коски.
-
Скелет на стапалото, метатарзални коски (жолт дел) и фаланги во проксимален (зелен дел), среден (син дел) и дистален дел (портокалов дел).
Надворешни врски
уредиОваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |