Скелетот на лицето е составено од три непарни и шест парни коски.

Коски на лицето
Коските на лицето.
Коските на лицето.
  сина: ралник (1)
  жолта: горна вилица (2)
  виолетова: долна вилица (1)
  розова: носни коски (2)
  црвена: непчени коски (2)
  светлосина: солзни коски (2)
  темнозелена: јаболчни коски (2)
  светлозелена: долни носни школки (2)
Податоци
Латинскиossa faciei, ossa facialia

Коски на лицето

уреди

Непарни коски се: ралник, долна вилица и подјазична коска. Парни коски се: горна вилица, непцева коска, долна непцева школка, носна коска, јаболкова коска и солзна коска.

Горна вилица(maxilla)

уреди

Горната вилица претставува парна, најголема лицева коска. На неа се разликуваат тело и четири израстоци. Тело (corpus maxillae) - наликува на тристара пирамида со база кон носната празнина, а врвот сраснат со јаболковата коска. Горната страна од телото учествува во градбата на подот од орбитата, предната страна претставува основа на образот, задната страна е свртена латерално и учествува во ограничувањето на слепоочната јама. На средината од носната страна се наоѓа отвор на виличниот синус (sinus maxillaris). Челен израсток (processus frontalis) – учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина. Јаболков израсток (processus zygomaticus) – се спојува со јаболковата коска. Непцев израсток (processus palatinus ) – споен со истиот од спротивната страна, учествува во градбата на коскеното непце и тоа неговие предни две третини. Забниот израсток (processus alveolaris ) е насочен надолу и неговиот долен раб претставува забен лак. На него се забележуваат осум забни албеоли каде што се сместени корените од горните заби.

Непцева коска (os palatinum)

уреди

Непцевата коска е парна коска сместена зад максилата на која се опишуваат два дела : вертикален и водорамен. Вертикална плочка (lamina perpendicularis) е сместена меѓу телото од максилата и крилестиот израсток од сфеноидната коска. Таа учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина Водорамна плочка (lamina horizontalis ) – се наоѓа зад непцевиот израсток од максилата и влегува во составот на коскеното непце градејќи ја неговата задна третина.

Долна носна школка(concha nasalis inferior)

уреди

Претставува тенка коскена плочка налик на школка. Нејзиниот горен раб споен со солзната коска, максилата и ситестата коска. Надворешната страна од школката заедно со носната страна од максилата и вертикалната плочка од непцевата коска ограничуваат долен носен ходник.

Носна коска (os nasale)

уреди

Носната коска е правоаголна коскена плочка што го гради коренот од носот. Горе е споена со челната коска, бочно со челниот израсток од максилата. Внатрешната страна од коската учествува во градбата на горниот ѕид од носната празнина.

Јаболкова коскa (os zygomaticum)

уреди

Таа ја испакнува кожата на лицето во таканаречена јаболчница. На коската се разликуваат две страни: латерална или лицева и орбитална. Лицевата е подкожна, а орбиталната влегува со составот на латералниот ѕид од орбитата. На коската се разликуваат два израстока: челен израсток нагоре и слепоочен насочен надолу.

Солзна коска (os lacrimale)

уреди

Солзната коска е мала тенка коска сместена во предниот дел од внатрешниот дел од орбитата.

Ралник (vomer)

уреди

Ралникот е тенка непарна коскена плочка налик на ромб и учестува во градбата на коскената носна преграда.

Долна вилицa (mandibula)

уреди

Мандибулата е непарна коска на која се разликуваат тело и две гранки. Тело( corpus mandibulae) - наликува на потковица. Горниот раб од телото е забен продолжеток (processus alveolaris ) со забни јамички (alveoli dentales) каде што се вметнати корените од долните заби. Долниот раб од телото е масивен и претставува база. Вилични гранки (ramus mandibulae) на горниот крај завршува со два израстока: преден(‘’короноиден израсток’’) служи за поврзување на темпоралниот мускул, а задниот зглобен израсток во вид на глава (caput mandibulae) за зглобување со темпоралната коска. Овој е единствениот подвижен зглоб на главата.

Подјазична коска (os hyoideum)

уреди

Непарна коска сместена по мандибулата во подјазичната мускулатура. Наликува на потковица со конкавитет свртена наназад. На неа се разликуваат тело, големи и мали рогови. Подјазичната коска не се зглобува со ниедна коска туку е поврзана со врски и мускули за черепот и градниот кош.

Галерија

уреди