Непчена коска
Непчената коска (латински: os palatinum) е парна коска сместена зад максилата.
Непчена коска | |
---|---|
![]() Трајни заби на горната вилица, (хоризонтален дел од непчената коска видлив на дното.) | |
![]() Бочна страна од черепот, (непчената коска е означена во долниот дел, лево.) | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Os palatinum |
MeSH | A02.835.232.781.324.502.660 |
TA | A02.1.13.001 |
FMA | FMA:52746 |
ДеловиУреди
На непчената коска се разликуваат:
- Вертикална плочка (латински: lamina pependicularis) е сместена меѓу телото на максилата и крилестиот израсток од сфеноидалната коска. Таа учествува во градбата на латералниот ѕид од носната празнина.
- Водорамна плочка (латински: lamina horizontalis) се наоѓа зад непцевиот израсток од максилата и влегува во состав на коскеното непце градејќи ја неговата задна третина.
ЗглобовиУреди
Непчената коска се зглобува со коските на черепот кои се наоѓаат на задниот дел од носната шуплина помеѓу максилата и сфеноидалниот израсток. Учествува во градбата на три шуплини: латералниот ѕид на носната шуплина, покривот на устата , подот на орбитата така што формира инфериорна пукнатина.
Кај животнитеУреди
Кај рибите непчената коска се состои од плоча која лежи на внатрешниот раб од максилата. Непчени коски може да се сретнат и кај некои водоземци и жаби. Кај птиците непчените коски се одвоени од задниот дел од горната вилица.
ГалеријаУреди
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |