Жерсе
Жерсе [1] е плетена ткаенина што служи за изработка на облека. Традиционално се прави од волна, но во поново време се изработува од волна, памук и синтетички влакна.
Историјат
уредиМатеријалот за прв пат бил произведен во Џерси (Каналските Острови), кој уште од средниот век бил важен извозник на плетени производи,[2] а волнените ткаенини од Џерси биле прочуени.
Во 1916 година, Габриел „Коко“ Шанел ја разбранува модната индустрија со користење жерсе кое во тоа време беше исклучиво употребувано за изработка на долна облека. „Овој дизајнер го направи жерсето она што е тоа денес - се надеваме дека е задоволна“, објави Вог во 1999 година. „Тоа е речиси дел од нашите животи онолку колку и синиот серж “.[3]
Структура
уредиЖерсе е плетка плетена со еден сет игли при што сите јамки што се плетат во иста насока.[4] Најчесто се плете во обичен бод.[5] Од друга страна, двојното жерсе се плете со два сета игли, не се витка по рабовите (кога се сече) и има постабилна структура.[5]
Жерсето има две лица, на едната страна (лицето) се наоѓаат мноштво ситни линии кои се вертикално рапоредени; а на другата страна (опачината) хоризонтално се наоѓаат ситни зрна.[6]
Одлики
уредиЖерсе е мошне топол материјал. Тоа е растеглива, флексибилна и нежна ткаенина; мошне е мека и удобна и може да се носи и директно врз кожата.[6]
Жерсето се смета за одлична ткаенина за едноделни алишта, како фустани и женски блузи.
Наводи
уреди- ↑ „жерсе | Македонски.гов.мк“. makedonski.gov.mk. Посетено на 2021-10-09.
- ↑ Portrait of the Channel Islands, Lemprière, London, 1970, ISBN 0-7091-1541-5
- ↑ Watson, Linda (1999). Vogue Twentieth Century Fashion. Carlton Books. стр. 112. ISBN 1-85868-517-6.
- ↑ Anstey, H. (Helen) (1997). The Anstey Weston guide to textile terms. Internet Archive. [Great Britain] : Weston. стр. 95. ISBN 978-0-9530130-0-5.
- ↑ 5,0 5,1 Ladbury, Ann (1985). Fabrics. Internet Archive. London : Sidgwick & Jackson. стр. 60. ISBN 978-0-283-99196-7.
- ↑ 6,0 6,1 Facebook; Twitter; Instagram; YouTube (2013-07-17). „Моден речник #2: Дознајте повеќе за материјалите“. Fashionel.mk. Посетено на 2021-10-09.