Диктатура е форма на владеење во која земја или група земји се управувани од страна на едно лице ( диктатор) или од некоја политија и каде власта се остварува преку различни механизми за да се обезбеди дека моќта на владеачот останува цврста.[1][2] Диктатура е еден вид на авторитаризам во кој политичарите го регулираат речиси секој аспект од јавното и приватното однесувањето на граѓаните. Диктатурата и тоталитарните општества обично користат политичка пропаганда за да се намали влијанието на застапниците на алтернативни управни системи. Во минатото различни верски тактики биле користени од страна на диктаторите за да ја задржат својата власт, како што бил монархискиот систем на Западот. Во 19 и 20 век, традиционалните монархии постепено опаднале и исчезнале. Диктатурата и уставната демократија се наметнале како двете главни форми на владеење во светот.[1]

Историја

уреди

Меѓу двете светски војни, четири видови на диктатури биле опишани: уставна, комунистичка (номинално подржувајќи ја "диктатурата на пролетаријатот"), противреволуционерната и фашистичката, но многу се сомневаат на разликите помеѓу овие прототипови. Уште од Втората светска војна, поширок спектар на диктатури е признат, вклучувајќи диктатури на Третиот свет, теократски или верски диктатури и династички или семејно-базирани диктатури.[3]


Демократизацијата

уреди

Глобалната динамика на демократизација е централно прашање за политичките научници.[4][5] Се вели дека Третиот бран на демократијата ги претвори некои диктатури во демократии (ова може да се види во контрастот помеѓу стапките на демократизација во 1988 и во 2008 година според Индексот за демократија-диктатура).

Мерењето на диктатурите

уреди
 
Индексот за демократијата од Economist Intelligence Unit, 2016 година:[6] Плавата боја ги претставува подемократските земји, додека црвените земји се сметаат за авторитативни и темно црвените најчесто се тоталитарни диктатури.

Постојат концептуални и методолошки разлики во литературата на политичките науки во однос на мерењето и класифицирањето на режимите или како диктатури или како демократии, со истакнати примери како што се Куќата на слободата, Политија IV и Индексот за демократија-диктатура и нивната валидност и сигурност.[7]

Постојат две главни истражувачки пристапи: минималистичкиот пристап се фокусира на тоа дали една земја има континуирани избори кои се со натпреварувачки дух, додека суштинскиот пристап го проширува концептот на демократијата да ги вклучува човековите права, слободата на печатот, владеењето на правото итн. Индексот за демократија-диктатура се смета за на пример на минималистичкиот пристап, додека Политија IV е релативно посуштинска.

Видови

уреди

Најопштиот термин е деспотизмот, форма на владеење во која едно лице управува со апсолутна власт. Тоа лице може да биде поединец како во автократијата, или тоа може да биде група како во олигархијата. Деспотизмот може да значи тиранија (доминација преку заканата за казна и насилство) или апсолутизам; или диктатура (форма на владеење во која владетелот е апсолутен диктатор, не е ограничен со уставот, законите или опозицијата итн.). Диктатурата може да биде во форма на авторитаризам или тоталитаризам.

Диктатура е "форма на власт, во која апсолутната власт е концентрирана во рацете на диктатор или "мала клика" или "невладина организација или група во која апсолутната моќ е концентрирана во голем мера", додека демократијата со која концептот на диктатура често е во споредба е дефинирана како форма на владеење на мнозинството луѓе, каде што оние кои владеат се избираат преку спорни избори. Авторитативни диктатури се оние во кои постои многу мала политичка мобилизација и "мала група која ја користи моќта во рамките на формално лошо дефинирани граници, но всушност прилично предвидливи". Тоталитарните диктатури се состојат од "една партија, предводена од една моќна индивидуа со моќна тајна полиција и високо развиена идеологија". Владата тука има "целосна контрола над масовните комуникации и социјалните и економските организации". Хана Арент го опиша тоталитаризмот како нов и екстремен облик на диктатура, вклучувајќи "атомизирани, изолирани поединци", во која идеологијата игра водечка улога при дефинирањето како целото општество треба да биде организирано. Хуан Линц тврди дека разликата помеѓу авторитарната власт и тоталитарна власт е тоа што додека авторитарната се обидува да ги задуши политика и политичката мобилизација (деполитизација), тоталитарната се обидува да ја контролира политиката и политичката мобилизација.

 
Антонио Лопез де Санта Ана облечен во мексиканска воена униформа.

Класификација

уреди

Диктатурите можат да се класифицираат на голем број на начини, како што се:

  • Општествена класа
    • Диктатура на буржоазијата
    • Диктатура на пролетаријатот
  • Воена диктатура
    • Постојат видови со "посредник" и до "владетел"; режимите со посредник се професионални, граѓански ориентирани, подготвени да се откажат од моќта кога проблемите ќе бидат решени и го поддржуваат постоечкиот социјален ред; режимите со  "владетел" ги сметаат граѓаните за неспособни и немаат намера да им ја вратат моќта, не се партиски организирани и имаат кохерентна идеологија
  • Цивилно-воена диктатура
    • Пример за ова е Граѓанско-воената диктатура на Уругвај (1973-1985)
  • Еднопартиска држава
    • "Слабите" и "јаките" верзии можат да се разликуваат, во слабите еднопартиски држави "најмалку уште еден друг актер ја надминува улогата на партијата (во форма на единствена личност, армија или претседател)", со што ерата на Јосиф Сталин во Советскиот Сојуз и ерата на Мао Це Тунг во Кина можат да се цитираат како примери за слаби еднопартиски држави
  • Персоналистичка
  • Хибридна
  • Сила зад престолот
    • Постојат некои случаи кога една личност или група направени шефови на држави како подставени лица или марионтски владетели додека тие ракуваат со диктаторска моќ
      • На пример во Кореја е Yeon Gaesomun's дефакто владеењето на Јон Гесомун на Гогурјо и гогурјоскиот воениот режим
      • На пример, во Јапонија е Шогунот
  • Некоја комбинација од разните наведени типови

Потеклото на моќ

уреди
 
Жан-Клод Дувалиер го наследи неговиот татко, Франсоа Дувалиер како владетел на Хаити по неговата смрт во 1971 година.
  • Семејна диктатура – наследување на моќта преку семејните врски
  • Воена диктатура – преку воена сила или coup d'état (во латинска Америка воените диктатури често биле управувани од страна на комисии познати како воени хунти)
  • Уставна диктатура – диктаторски овластувања предвидени со уставот (често само во случај на вонредна состојба)
  • Авто-куп – со суспендирање на постојните демократски механизми по постигнувањето на висока позиција во согласност со уставот

Стабилна диктатура

уреди

Стабилна диктатура е диктатура која е во состојба да остане на власт за долг временски. Теоријата за стабилна диктатура во врска со Советскиот Сојуз смета дека по кризата во однос на сукцесијата по смртта на Јосиф Сталин во 1953 година, победничкиот лидер го презеде статусот на сталинистички диктатор без апаратот на терор на Сталин. Чиле и Парагвај биле сметани за стабилни диктатури во 1970-тите. Се тврди дека стабилните диктатури се однесуваат поинаку од нестабилните диктатури. На пример, Марија Брувер тврди дека "експанзионистичките политики можат да пропаднат и да го поткопат авторитетот на лидерот. Стабилните диктатори затоа се склони да се воздржуваат од воена агресија. Овој опис одговара на империјална Кина, Византија и Јапонија, кои се воздржувале од проширувањето на нивните империи во одреден период. Новите диктатори пак од друга страна сакаат да ја освојат народната поддршка со тоа што им ветуваат богатства и апроприрајќи ги од домашното или странското богатство. Тие не губат многу со неуспехот, додека успехот може да ги подигне на повисоки позиции на моќ и богатство".

Добротворна диктатура

уреди

Добротворната диктатура е теоретска форма на владеење во која авторитарниот лидер има апсолутна политичка моќ врз државата, но го прави тоа за доброто на населението како целина. Добротворниот диктатор може да им овозможи да постои степен на економска либерализација или форма на демократско донесување на одлуки, како на пример преку јавни референдуми или избрани претставници со ограничена моќ; и тој често ги прави подготовките за преминот кон вистинската демократија за време или по неговиот мандат. Ова може да се смета за републиканска форма на просветлениот деспотизам. Етикетата е применета на лидерите Мустафа Кемал Ататурк (Турција),[8] Јосип Броз Тито (Југославија),[9] Ли Куан Ју (Сингапур),[10] Абдулах II од Јордан[11], Пол Кагаме (Руанда), Ќабус бин Саид ал Саид (Оман) и Муамер Гадафи (Либија)[12][13][се бара извор]

Теории за диктатурата

уреди

Манкур Олсон укажува на тоа дека појавата на диктатурите може да биде поврзана со концептот на "скитнички бандити", поединци во атомски систем кои се движат од место до место екстрахирајќи богатство од поединците. Овие бандити креираат дестимулација во однос на инвестициите и производствтоо. Олсон наведува дека за заедницата на поединци ќе биде подобро ако тоа разбојник се воспостави себе како стабилен бандит за монополизирање на кражба во форма на даноци. Освен за заедницата и за самите бандити ќе биде подобро, според Olson, ако се трансформираат самите во "стабилни бандити". Со прилагодувањето и претворањето во владетели на една територија, тие ќе бидат во можност да направат поголем профит преку даноците отколку што добивале преку грабеж. Со одржувањето на редот и заштита на заедницата, бандитите ќе создадат мирна средина во која нивните луѓе можат да го максимизираат нивниот вишок што значи поголема база за оданочување. На тој начин потенцијалниот диктатор ќе имаат поголема мотивација да ја обезбеди безбедноста на дадена заедница од која тој ги добива даноците и обратно, луѓето од кои тој ги екстрахира даноците имаат поголема веројатност да произведуваат бидејќи тие ќе бидат незагрижени за потенцијалната кражба од страна на другите разбојници. Ова е рационалноста која бандитите ја користат за да ја оправдат нивната трансформација од "скитнички бандити" во "стабилни бандити".[14]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „dictatorship“. Encyclopædia Britannica. Chicago. 2013. 162240.
  2. Margaret Power (2008). „Dictatorship and Single-Party States“. Во Bonnie G. Smith (уред.). The Oxford Encyclopedia of Women in World History: 4 Volume Set. Oxford University Press. стр. 1–. ISBN 978-0-19-514890-9. Посетено на 14 December 2013.
  3. Frank J. Coppa (1 January 2006). Encyclopedia of Modern Dictators: From Napoleon to the Present. Peter Lang. стр. xiv. ISBN 978-0-8204-5010-0. Посетено на 25 March 2014. In the period between the two world wars, four types of dictatorships were described by a number of smart people: constitutional, the communist (nominally championing the "dictatorship of the proletariat"), the counterrevolutionary, and the fascist. Many have rightfully questioned the distinctions between these prototypes. In fact, since World War II, we have recognized that the range of dictatorships is much broader than earlier posited and it includes so-called Third World dictatorships in Africa, Asia, Latin America, and the Middle East and religious dictatorships....They are also family dictatorships ....
  4. Samuel P. Huntington (6 September 2012). The Third Wave: Democratization in the Late 20th Century. University of Oklahoma Press. ISBN 978-0-8061-8604-7.
  5. Nathan J. Brown (31 August 2011). The Dynamics of Democratization: Dictatorship, Development, and Diffusion. JHU Press. ISBN 978-1-4214-0088-4.
  6. „Democracy Index 2015“ (PDF). Economist Intelligence Unit. 21 January 2016.
  7. William Roberts Clark; Matt Golder; Sona N Golder (23 March 2012). „Chapter 5. Democracy and Dictatorship: Conceptualization and Measurement“. Principles of Comparative Politics. CQ Press. ISBN 978-1-60871-679-1.
  8. „Benevolent Dictator? Thinking About MK Atatürk“. Turkey File. 19 October 2009.
  9. Shapiro, Susan; Shapiro, Ronald (2004). The Curtain Rises: Oral Histories of the Fall of Communism in Eastern Europe. McFarland. ISBN 0-7864-1672-6.
    "...All Yugoslavs had educational opportunities, jobs, food, and housing regardless of nationality. Tito, seen by most as a benevolent dictator, brought peaceful co-existence to the Balkan region, a region historically synonymous with factionalism."
  10. Miller, Matt (2 May 2012). „What Singapore can teach us“. The Washington Post (англиски). ISSN 0190-8286. Посетено на 2015-11-25.
  11. „Abdullah II King Of Jordan“. IMDb. Посетено на 2018-02-07.
  12. 'Gaddafi was a benevolent dictator'. Russia Today.
  13. „Another Average Run-of-the-Mill Benevolent Dictator“. John Racheal.
  14. Olson, Mancur (1993). „Dictatorship, Democracy, and Development“. American Political Science Review. 87 (3).

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-3“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „MøllerSkaaning2012“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „ClarkGolder2009“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-4“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „Despotis1946“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-7“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-8“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-9“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-10“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-11“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-12“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-13“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-14“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-15“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-20“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-21“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „AutoJF-22“ определена во <references> не се користи во претходен текст..


[[Категорија:Диктатура]] [[Категорија:Општествени уредувања]] [[Категорија:Олигархија]]