Корина (старогрчки: Κοριννα) била поетеса од Танагра во Беотија. Иако античките сведоштва укажуваат дека била современичка на Пиндар, денешните научници сметаат дека Корина живеела во хеленистичкиот период.

On the left, a line drawing of the head of a woman facing forward, eyes looking up and to the left; on the right, a line drawing of the same woman in profile, looking left towards the first head
Две скици на Корина од Вилијам Блејк

Животопис

уреди

Корина била ќерка на Ахелоодора и Прократиј, ученичка на Миртида. Живеела во 5 век п.н.е.[1]

По 1906 година за неа се знае повеќе, затоа што во таа година во Берлин е пристигнат еден папирус од Хермуполис кој значајно го проширува нејзиното знаење за поезијата. Како Миртида, и таа на сличен лирски начин го обработувала епско-митолошкиот материјал за беотските јунаци. Предметот на нејзината лириска епика биле: седуммината против Теба, ќерките на Миниј, штитот на Атена, ловецот Орион и неговите ќерки, Едип кој ја убива лисицата, пејачкиот натпревар меѓу Хеликон и Китерон, и други.

И за Корина се зборувало дека се натпреварувала со Пиндар, но таа го победила. Павсаниј кажува дека го видел нејзиниот гроб на најугледното место во Танагра и статуа која ја прикажува Корина како себе се обвиткува со трака заради победата над Пиндар, и додава: „дека таа победила поради својот дијалект, затоа што не пеела во дорски дијалект, како Пиндар, туку во оној кој Еолјаните можеле да го разберат, а и заради тоа што била најубава меѓу тие жени, ако смее да се суди по портретот“. Плутарх за нејзе ја забележал оваа анегдота. Пиндар, кој во младоста се служел со повеќе смели изрази, таа паметно го советувала да не обрнува внимание само на зборовите, туку и на мотивот и содржината. Пиндар го послушал нејзиниот совет и ја испеал песната онака како што е потребно. Кога ѝ ја прочитал на Корина песната, таа му рекла со насмевка дека „треба да се сее со рака, а не со цела вреќа“ (De glor. Athen).

Антипатар од Тесалоник, еден од најплодниот песник во филиповиот венец епиграма, многу ја ценел нејзината поезија: тој составил коло од 9 песнички, и 9 земјиски Муза и во тоа коло според Праксил од Сикион, Анит од Тегеа, Сапф од Митилен, Ерин од островот Тела, Телесил од Арг, Носид од Локра во Доњ Италија, Мир од Бизант, споменатите Миртиде од Антедон, се наоѓа и Корина.

Ако Корина со своето лирско творештво не ја поминувала кантонската ограниченост на домашниот мит, таа сепак, како десетто лице влегла во александрискиот канон на деветте лирски поети, меѓу кои се наоѓаат шестмина хорски лиричари: Алкман, Стесихор, Ибик, Симонид, Бакхилид, Пиндар, и три монодичари: Алкеј, Сафo и Анакреонт.

Наводи

уреди
  1. West 1990, стр. 553