Миртида (6 век п.н.е.) од Антедона, во Беотиј — хеленска поетеса која на свој домашен дијалект ги опејувала романтичните случки од локалните митови. Сочувана е прозната парафраза на нејзината песна за несреќната љубов на Охне, ќерка на Конон, со Еуност, син на Кифисо. Како нејзини ученици се споменуваат Корина и Пиндар.[1][2] Во еден фрагмент од поема на Корина се спомнува дека Миртида се натпреварувала со Пиндар, кога тој бил на врвот на својата поетска слава, но била победена.

Наводи

уреди
  1. Snyder 1989, Women Poets of Fifth Century Greece, "Myrtis", pp. 40–41.
  2. Plant 2004, "4. Myrtis (fl. 5th century BC)", pp. 36–37.