Кардофански јазици

(Пренасочено од Кордофански јазици)

Кардофанските јазици сочинуваат подгрупа на нигер-конгоанските јазици, кои се класифицирани врз принцип на географската распространетост на јазиците. Кардофанските јазици се зборуваат во регионот на планините Нуба во покраината Кардофан во Судан. Во 1963 година, Џозеф Гринберг ги додал во групата на нигер-конгоански јазици. До денес не се докажало дека овие јазици се слични со некои од нигер-конгоанските јазици, ниту пак се докажало дека сочинуваат засебна гранка во јазичното семејство. Како и да е, кадуските јазици не се вклучуваат во оваа група.

Кардофански јазици
Географска
распространетост:
Кардофан
Класификација:Нигер-конгоански јазици
  • кардофански јазици
Гранки:
ISO 639-5:kdo

Талодиски-хејбански јазици

уреди

Хејбанските јазици или исто така наречени коалипски или коалипско-мороски јазици заедно со талодиските јазици се слично меѓу себе и затоа се класифицираат во една подгрупа Овие јазици често се сметаат за подгрупа на кардофанските јазици.[1]

Рашадски јазици

уреди

Рашадските јазици се другата подгрупа на кардофанските јазици. Тие исто така се именуваат како тегалиско-тагојски јазици

Катласки јазици

уреди

Јазичарите, особено Роџер Бленч забележале дека катласките јазици не споделуваат сличности со талодиските и хејбанските јазици. Поради тоа, а и поради голем број различности помеѓу сите кардофански јазици, Бленч заклучува дека кардофанските јазици не се генеолошка група, туку дека талодиските и хејбанските јазици се типични нигер-конгоански јазици, а катласките и рашадските јазици се периферни јазици на ова јазично семејство, заедно со мандеските јазици.

Кадуски јазици

уреди

Кадуските јазици порано се класифицирале како нигер-конгоански јазици, но од 1981 година тие биле добро разгледани и повторно класифицирани како нилосахарски јазици. Како и да е, доказите за оваа повторна класификација не се силни и можат лесно да бидат надминати.

Користена литература

уреди
  • Herman Bell. 1995. The Nuba Mountains: Who Spoke What in 1976? Архивирано на 28 јануари 1999 г.. Being a study of the published results from a major project of the Institute of African and Asian Studies: the Language Survey of the Nuba Mountains.
  • Roger Blench. Unpublished. Kordofanian and Niger-Congo: an evaluation of the evidence.
  • P. A. and D. N. MacDiarmid. 1931. "The languages of the Nuba Mountains." Sudan Notes and Records 14: 149-162.
  • Carl Meinhof. 1915-1919. "Sprachstudien im egyptischen Sudan". Zeitschrift für Kolonialsprachen 9-9. "1. Tagoy." 6: 164-161. "2. Tumale". 6:182-205. "11. Tegele." 7:110-131. "12. Rashad." 7:132.
  • Thilo C. Schadeberg. 1981a. A survey of Kordofanian. SUGIA Beiheft 1-2. Hamburg:Helmut Buske Verlag.
  • Thilo C. Schadeberg. 1981b. "Das Kordofanische". Die Sprachen Afrikas. Band 1: Niger-Kordofanisch, ed. by Bernt Heine, T. C. Schadeberg, Ekkehard Wolff, pp. 117–28 SUGIA Beiheft 1-2. Hamburg:Helmut Buske Verlag.
  • Thilo C. Schadeberg. 1981c. "The classification of the Kadugli language group". Nilo-Saharan, ed. by T. C. Schadeberg and M. Lionel Bender, pp. 291–305. Dordrecht: Foris Publications.
  • Brenda Z. Seligmann. 1910-11. "Note on the language of the Nubas of Southern Kordofan." Zeitschrift für Kolonialsprachen 1:167-188.
  • Roland C. Stevenson. 1956-57. "A survey of the phonetics and grammatical structure of the Nuba Mountains languages, with particular reference to Otoro, Katcha, and Nyimang." Afrika und Übersee 40:73-84, 93-115; 41:27-65, 117-152, 171-196.
  • A. N. Tucker and M. A. Bryan. 1956. The Non-Bantu Languages of North-Eastern Africa. (Handbook of African Languages, Part III.) Oxford University Press: London.
  • A. N. Tucker and M. A. Bryan. 1966. Linguistic Analyses/The Non-Bantu Languages of North-Eastern Africa. (Handbook of African Languages.) Oxford University Press: London.
  • Lorenz Tutschek. 1848. "Über die Tumale-Sprache." Gelehrte Anzeigen, herausgegeben von Mitgliedern der k. bayer. Akademie der Wissenschaften. Nrs. 91-93; Spalten 729-52. (=Bulletin der königl. Akademie der Wissenschaften. Nrs. 29-31.)
  • Lorenz Tutschek. 1848-50. "On the Tumali language". Proceedings of the Philological Society for 1846-47 and 1847-48. Vol 3:239-54. Proceedings of the Philological Society for 1848-49 and 1849-50. Vol. 4:138-9.

Наводи

уреди
  1. Gerrit Dimmendaal, 2008. "Language Ecology and Linguistic Diversity on the African Continent", Language and Linguistics Compass 2/5:842.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди