Константи Илдефонс Галчињски
Константи Илдефонс Галчињски (полски: Konstanty Ildefons Gałczyński; 1905 — 1953) — полски поет.
Константи Илдефонс Галчињски | |
---|---|
Константи Илдефонс Галчињски во 1947 г. | |
Роден/а | 23 јануари 1905 Варшава |
Починат/а | 6 декември 1953 Варшава, Полска | (возр. 48)
Занимање | Поет |
Јазик | Полски |
Националност | Полјак |
Животопис
уредиЗа време на Втората светска војна, Галчињски се наоѓал во германско заробеништво, а по завршувањето на војната се вратил во својата земја.[1]
Творештво
уредиГалчињски почнал да пишува меѓу двете светски војни, во време кое било непогодно за почетниците, зашто тогаш на врвот од славата биле скамандровците - Тувим, Ивашкјевич, Слонимски и Лехоњ. Тој не можел да им се приклучи ниту на скамандровците ниту на авангардистите, особено поради тоа што неговите сфаќања биле далеку од едните и од другите. Тој ја сфаќал поезијата како игра и како песна и сакал поезијата да ја изведува на сцената, на улиците и на плоштадите. За време на окупацијата, Галчињски напишал само неколку песни, а неговата зрела поетска дејност продолжила и по Втората светска војна. Пред војната, неговото творештво го присвојувале католиците, а по војната тој се обидувал да се вклучи во соц-реализмот. Притоа, цело време бил напаѓан и негиран пред и по војната, но тој пишувал онака како што умеел, а неговата поезија стекнала широк круг читатели. По 1956 година, публиката од него направила свој идол, а неговите песни, кои биле нарекувани шарлатански, добиле признание од критиката, неговата сатира добила актуелна смисла, а лирската поезија (особено љубовната) била прифатена од широката публика. Подоцна, тој бран на воодушевување поминал, но дел од неговото творештво останало како траен дел од полската поезија.[2]