Колорадо (река)

голема река во западниот дел на САД и Мексико
31°54′00″N 114°57′03″W / 31.90000° СГШ; 114.95083° ЗГД / 31.90000; -114.95083

Колорадо — река чија вода истекува од сувата југоисточна област на САД, го врежува најпознатиот кањон на светот. Поради стрмното издигање на висорамнината Колорадо, реката врежала кањони длабоки над 1600 м, чиј највозбудлив дел е Големиот Кањон во северна Аризона, долг 350 км.

Колорадо
Colorado River
View of a rocky canyon with a blue river curving around a large bluff
Поглед кон реката
Земји САД, Мексико
Подрачје Колорадо, Јута, Аризона, Невада, Калифонија, Долна Калифорнија, Сонора
Извор преминот Ла Пудре
 - место Каменести Планини, Колорадо, САД
 - височина 3.104 м
 - координати 40°28′20″N 105°49′34″W / 40.47222° СГШ; 105.82611° ЗГД / 40.47222; -105.82611 [1]
Утока Калифорниски Залив
 - местоположба Делта на реката Колорадо, Долна КалифорнијаСонора, Мексико
 - височина м
 - координати 31°54′00″N 114°57′03″W / 31.90000° СГШ; 114.95083° ЗГД / 31.90000; -114.95083
Должина 2.334 км
Слив 637.137 км2
Истек
 - просечен 637 м3 [2]
 - максимален 10.900 м3 [3]
 - минимален 12 м3 [4]
Map of the Colorado River basin
Map of the Colorado River basin
Map of the Colorado River basin
На Ризницата: Колорадо
Colorado River

Реката Колорадо се создава од стопениот снег во Карпестите Планини на северот на државата Колорадо, на западните падини на Континенталната Вододелница. Таа тече југозападно од Јута, низ висорамнината Колорадо, каде што областа Кањонленд во неа се влева реката Грин, напојуваќи ја со водите од Вајоминг, најсеверната точка на нејзиниот слив. Низводно во северна Аризона, главниот дел од разгранетиот кањонски систем, Големиот Кањон, достигнува ширина од 29 км и ги пробива слоевите седиментни карпи, чија геолошка саторст е 2 милијарди години. Под кањонот, на излезот на висорамнината, речниот тек продолжува на југ, создавајќи природна граница меѓу државите Калифорнија и Аризона. По должината на својот долен тек Колорадо е бавна, кривулеста река, исполнета со ситен талог и наклонета на пливање. Последните 12 км тече низ Мексико, каде што стеснува во речна делта. Колорадо е река со ајмногу зданија ви светот. Големи градежни работи почнале во северниот дел од сливот уште во дваесеттите години од 20 век со изградба на големи тунели под Континенталната Вододелница, со цел одредено количество вода да се насочи источно, кон Големата Низина. Подоцна вниманието било насочено кон долниот тек. Браната Хувер, висока 221 м, го создала езерото Мид во 1935 г. и овозможила водата да се користи за производство на електрична енергија и за наводнување. Течејќи низводно, големо количество вода е пренасочено во градовите: Лас Вегас, Феникс, Таксон, Сан Диего и Лос Анџелес. Браната Империјал го пренасочува најголемиот дел од водата, што тече по должината на каналот Ол-Американ, во насока а калифорниската долина Империјал. Иако протокот кај утоката на Колорадо денес е многу намален, тој со својата сила во минатото многу го променил брегот. Калифорнискиот Залив некогаш се простирал многу по на север, се дедека Колорадо во предисторискиот период не го сменил својот тек. Седиментот наталожен на бреговите на реката го заградил заливот, создавајќи го денешниот изглед на брегот и големиот залив Салтон, дел од некогашното морско корито, кое со околу 480 км влегло во копното. Во 1905 г. пробиениот канал за наводнување овозможил водите на Колорадо да го поплават заливот, создавајчи го 112 км долгото езеро Салтон.[5]

Наводи

уреди
  1. „Colorado River“. Информативен систем за географски називи, Геолошки топографски институт на САД. February 8, 1980. Посетено на February 18, 2012. (англиски)
  2. Nowak, Kenneth C. (April 2, 2012). „Stochastic Streamflow Simulation at Interdecadal Time Scales and Implications to Water Resources Management in the Colorado River Basin“ (PDF). Center for Advanced Decision Support for Water and Environmental Systems. University of Colorado. стр. 114. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-05-01. Посетено на July 11, 2013.
  3. Wiltshire, Gilbert & Rogers 2010, стр. 102.
  4. „USGS Gage #09424000 on the Colorado River near Topock, AZ – Daily Data“. National Water Information System. U.S. Geological Survey. February 14, 1935. Посетено на April 21, 2012.
  5. Kammerer, J.C. „Largest Rivers in the United States“. United States Geological Survey. Посетено на 2 July 2010.

Надворешни врски

уреди