Колар (занаетчија)
Колар — занаетчија што прави и што поправа запрежни коли, кочии.[1][2] Поголемите парчиња дрво (трупци, облици, цепаници) за колите и кочиите се сечат, измазнуваат, стругаат, глодаат и издлабуваат, а по оваа обработка се спојуваат во целини со дрвени колчиња, шајки, завртки, лепила и метални окови.
За да ја добијат оптималната тежина на кочијата користеле неколку видови дрво. На пример, буката, дабот и брестот се користеле за да се направи најбараниот дел, тркалото. Изработувале и други предмети од дрво, на пример рачки, гребла, вили и слично. Низ историјата тие биле претежно обучени занаетчии, а занаетот бил наследен во семејството.[3]
Коларскиот занает се нарекува коларство.[4][5] Според македонските речници, колар може да значи и „лице што превезува патници или стока со кочија“.[1][2]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „колар“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 „колар“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Historic Trade: Wheelwright“. www.colonialwilliamsburg.org (англиски). Посетено на 2024-03-22.
- ↑ „коларство“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „коларство“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
Надворешни врски
уреди„Колар (занаетчија)“ на Ризницата ? |