Ковент-Гарден Журнал
Ковент-Гарден Журнал (анг. The Covent-Garden Journal) било англиско списание објавувано двапати неделно во 1752 година. Тоа било уредувано и речиси целосно финансирано од романсиерот, драмскиот автор и есеист Хенри Филдинг, под псевдонимот “Сер Александар Дрокансир, тн. Цензор на Велика Британија” (анг. “Sir Alexander Drawcansir, Knt. Censor of Great Britain”). Тоа било четврто и последено списание на Филдинг, и едно од неговите последни пишани дела.
Весникот поттикнувал "Војна на хартија " од 1752-1753, конфликт помеѓу голем број на современи книжевни критичари и писатели, кое започнало по објавувањето војна на Филдинг на „армиите на Груб Стрит“ во првото издание. Неговото објавување привлекло повеќе агресори и поттикнал долготрајна дебата во страниците на нивните публикации. Првично заради зголемување на продажбата, Војната на хартиите на крајот станала многу поголема од очекувањата на Филдинг и се создавало огромен обем на второстепени коментари и литература.
Потоа во јуни избила голема афера, кога Филдинг изразил поддршка за писмо на Владата во 1751 за Акт за јавните куќи во Журнал (анг. Disorderly Houses Act in the Journal). Неговите забелешки биле восприемени од страна на јавноста како поддршка на законитот за проституција, и наскоро се дошло до знаење дека писмото напишано од “Хемфри Минвел”, е всушност напишана од Филдинг. Филдинг го побива ова тврдење во изданието на 1 август, пишувајќи дека етикетирање проститутки е извор на социјално зло.
Последниот број на списанието бил објавен на 25 ноември, 1752 г. Во последените месеци, лошата продажба резултирала со преминот од дневно во неделно издавање. Лошото здравје го приморало Филдинг да ја заврши својата кариера со издавање на последното 72 издание. Тој починал две години подоцна додека престојувал во Лисабон, Португалија.
Првото издание на Ковент Гарден весникот датира од 5 декември 1749, кога првата брошура била отпечатена со наслов Ковент -Гарден Журнал бр. 1. За да биде објавувана еднаш месечно, за време на изборите на Вестминистер од По Вронхгхед, „таа беше организирана како стандардна хартија“, со делови наречени "Воведни Есеи", "Надворешни работи", "Внатрешни работи", и "Маркетинг". Со објавување на список на лажни печатари (Т. Смит, Р. Веб, и С. Џонсон), тврдел дека продавачите биле "Сите луѓе на Лондон и Вестминстер". Подоцна било откриено дека весникот бил создаден како измама од страна на Војводата од Бедфорд да се потсмеваат на сер Џорџ Вандепут Втори Баронет и неговите приврзаници.
Печатачот, Ричард Франклин, испечатил 13.000 копии од 5-6 декември, и само еден од нив сè уште опстојува. Иако вистинскиот автор на брошурата останал непознат, во тоа време се верувало дека тоа е дело на Филдинг; подоцна критичарите, како што се Мартин и Рут Батестин, цитираат писмо напишано од страна на Војводата од Ричмонд кое што се користи како доказ за вмешаноста на Филдинг. Писмото датира од 7 декември 1749 година, во кое се вели: „приложената хартија е генерално на г-дин Филдинг“.
Надворешни врски
уреди- Ковент-Гарден Журнал на Internet Archive (скенирана верзија од оригиналните книги)