Кобилица-Стрелец

спирален ракав

Кобилица-Стрелец (наречен и Стрлецов Крак или Стрелец-Кобилица) — мал спирален крак of Млечниот Пат.[1] Секој спирален крак е долг и расеан изданок од ѕвезди кој излегува од Галактичкото Средиште. Овие гигнатски структури често се сочинети од милијарди ѕвезди и илјадници гасовити облаци. Кракот Кобилица–Стрелец е едне од најбележителните краци во нашата галаксија бидејќи во него се сместени многу HII-подрачја, млади ѕвезди и џиновски молекуларни облаци.[2]

Краците на Млечниот Пат

Млечниит Пат е пречкеста спирална галаксија која се состои од средишна пречка и испакнатина од која нанадвор се шират двата главни и неоклку помали спирални краци. Овој крак е сместем меѓу два големи краци: Штит-Кентаур (чиј поблизок дел е видлив и личи насонен навнатре) и Персеевиот Крак, со слична големина и облик, но месно многу поблизок и насочен нанадвор, подалеку до сјајниот веднаш воочлив протег на Млечниот Пат при совршени услови за набљудување.[1] Наречен е поради неговата близина со соѕвездијата Стрелец и Кобилица како што се појавуваат на ноќното небо од Земјата, гледајќи кон Галактичкото Средиште.

Кракот се растура близу неговата половина, штом го достигне најголемиот агол гледан од Сончевиот Систем, од Галактичкото Средиште од околу 80°. Од средишната пречка на галаксијата се протегаа Стрелецов Крак. По растуреното подрачје е Кобиличиниот Крак.[1]

Мал ракав

уреди

Во 2008 г. инфрацрвените набљудувања од вселенскиот телескоп „Спицер“ покажале дека ракавот Кобилица-Стрелец е релативно сиромашен со млади ѕвезди, за разлика од кракот Штит-Кентаур и Персеевиот Крак. Ова укажува на тоа дека Кобилица-Срелец е помал ракав, каков што е и Рамниловиот Крак (Надворешен Крак). Одиве два претежно се состојат од згуснат гас и ретки раштркани џебови од новонастанати ѕвезди.[1][3]

Видливи тела

уреди
 
Прашина од Стрелецовиот Крак

Во Стрелецовиот Крак се сместени разни Месјеови објекти и други тела видливи со аматерски телескоп или двоглед (тука неведени по редослед од исток кон запад долж кракот):

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Churchwell, Ed; Babler, Brian L.; Meade, Marlin A. (2009). „The Spitzer/GLIMPSE Surveys: A New View of the Milky Way“ (PDF). Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 121: 213–230. Bibcode:2009PASP..121..213C. doi:10.1086/597811. Архивирано од изворникот (pdf) на 2013-11-02. Посетено на 2022-10-26.
  2. Steiman-Cameron, T. Y.; Wolfire, M.; Hollenbach, D. (2010). „Cobeand the Galactic Interstellar Medium: Geometry of the Spiral Arms from Fir Cooling Lines“. The Astrophysical Journal. 722 (2): 1460. Bibcode:2010ApJ...722.1460S. doi:10.1088/0004-637X/722/2/1460.
  3. Shiga, David (3 јуни 2008). „Two of the Milky Way's spiral arms may be 'demoted'. NewScientist. Посетено на 8 септември 2009.