Книга-перница
„Книга-перница“ (англиски: The Pillow Book) – филм на режисерот Питер Гринавеј (Peter Greenaway) од 1996 година. Режисерот е автор и на сценариото, заедно со Сеј Шонагон (Sei Shonagon). Главните улоги ги играат: Вивиен Ву (Vivian Wu), Јуан Мекгрегор (Ewan McGregor), Јоши Оида (Yoshi Oida), Кен Огата (Ken Ogata) и Хидеко Јушида (Hideko Yushida). Во овој визуелно привлечен, но провокативен филм, Гринавеј ги разгледува односите меѓу телесноста и уметноста.[1]
Синопсис
уредиНагико (ја игра Ву) израснала во Јапонија, каде нејзиниот татко (го игра Огата) за секој нејзин роденден пишувал благослови на нејзиното лице и на грбот. На секој нејзин роденден, во нивниот дом доаѓал и еден издавач (го игра Оида), кој го уценувал нејзиниот татко, барајќи сексуални услуги. Откако склучиле договорен брак, Нагико немала среќен живот, па го напуштила мажот и избегала во Хонгконг, каде на почетокот живеела во најсиромашниот дел од градот за да се скрие од сопругот и од своето семејство. Подоцна, таа се вработува во модна фирма и станува успешен модел. Тогаш, таа добива желба да ја задоволи страста за калиграфија и бара љубовници според нивната вештина за пишување по нејзиното тело. Средбата со младиот писател Џером (го игра Мекгрегор) ѝ дава идеја и самата де се обиде во калиграфијата. Нејзините први обиди ги одбива издавачот кој во минатото го уценувал татко ѝ, а сега му е љубовник на Џером. Така, Нагико го заведува Џером чие тело ѝ послужува за нејзината прва книга...