Шајка

(Пренасочено од Клинец)

Шајкасврзувачки елемент, обично со цилиндричен облик, едниот крај е остар, а другиот најчесто има поширока глава. Шајките за масовна употреба се изготвени од челик, но за специјални намени се користат и шајки од не’рѓосувачки челик, месинг, алуминиум и други материјали. Шајките обично се коваат со чекан или посебен пиштол кој се напојува со компримиран воздух или мал експлозив со мало празнење. Шајката ги поврзува елементите преку триење во правец на оската и преку јакоста на смолкнување попречно на својата оска. Понекогаш врвот на шајките се искривува, за да спречи извлекување. Под поимот клинец подразбираме покрупна и посилна шајка.

Куп шајки
Традиционална наковална за изработка на шајки

Историја

уреди

Шајките потекнуваат барем од времето на Римското Царство. Се споменува во Библијата дека цар Давид складирал резерви со железо за изработка на шајки, за изградба на Соломоновиот храм. До крајот на XVIII век секогаш биле правени рачно. Во XIX век, по откривањето на машини за производство на шајки, некои клинци сè уште се изработувале рачно, но до крајот на овој век, рачната индустрија за производство на клинци речиси замрува.

Првите машински изработени се создадени во XVIII век во Америка.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди