Климент Заров (револуционер)
Климент Заров (роден во 1848 година во Охрид – починал во 1915 година во Дебарско) — деец на Македонското револуционерно движење, член на Ученичкото просветно друштво „Св. Климент” (1885), член на Охридскиот таен револуционерен кружок (1886–1891) и на Македонскиот таен комитет во Софија, издавач и (веројатно) автор на „Карта на Охрид и на неговата околина” (Софија, 1887) и борец за обновување на Охридската архиепископија. Климент Заров бил сопственик на фабрика за конзервирање риби во Охрид и собирач на помош за охридските училишта и библиотеки, заради што патувал често во Бугарија (1887 и 1889–1890), Србија (1889), Русија (1889) и Романија (1890). Избран за претседател на Бугарската матица во Охрид на 22 јули 1912 година. Заров бил убиен од српските воени окупациони војски „некаде кон Дебар”[1][2]
Климент Заров | ||
Роден | 1848 Охрид, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 1915 Дебарско |
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Заров“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 557. Text "series " ignored (help)
- ↑ Д-р Стојан Ристески, Навраќања на историски теми, Охрид, 2000, 17-42.