Клермон-Феран (патека)

Патека Клермон-Феран (француски: Clermont-Ferrand) — тркачка патека што се наоѓа во близина на градот Клермон-Феран (Оверњ, Франција), седиштето на Мишлен. Позната е и како „Патека на планината Оверњ“ (Circuit de Montagne d'Auvergne), „Патека Шарад“ (Charade Circuit), „Патека Луј Розје“ (Circuit Louis Rosier).

Патека Шарад

Првичниот изглед на патеката долга 8.055 м

Втората верзија на патеката долга 3,975 км, првпат користена во 1989
МестоСен-Жен-Шампанел, Оверњ, Франција
Часовен појасСЕВ (UTC+1)
СЕЛВ (ЛСВ)
Координати45°44′50″N 3°02′20″E / 45.74722° СГШ; 3.03889° ИГД / 45.74722; 3.03889
Изградбата почналамај 1957
Отворен27 јули 1958; пред 66 години (1958-07-27)
Главни настаниСегашни:
Фан куп (2023)
Поранешни:
Формула 1
Голема награда на Франција
(1965, 1969–1970, 1972)
Голема награда за моторцикли
Мотоциклистичка Голема награда на Франција (1959–1964, 1966–1967, 1972, 1974)
Светско првенство за мотоцикли со приколки
(1959–1962, 1964, 1966–1967, 1972, 1974)
Светско првенство за спортски автомобили (1962–1963)
Француско првенство за туристички коли (1990–1991, 1994–1996, 1998–1999)
Формула 750 (1973)
современа патека (1989–до денес)
Должина3,975 км
Кругови18
Најбрз круг1:43.827 (Франција Себастјан Бурде, {{{record_team}}}, 1999, Ф3)
Првична патека (1958–1988)
Должина8,055 км
Кругови48
Најбрз круг2:53,900 (Нов Зеланд Крис Ејмон, {{{record_team2}}}, 1972, Ф1)
Мрежно местоcharade.fr

Историја

уреди

Патеката била изградена во 1958 година и била домаќин на 4 Голема награда на Франција од 1965 до 1972 година. Натпреварувањата во Формула 1 биле прекинати по тешката несреќа на Гран прито во 1972 година, кога австрискиот возач Хелмут Марко го загубил окото во несреќа. Патеката потоа била домаќин на јуниорски тркачки серии и трки со мотоцикли, но и тие биле прекинати во 1988 година поради безбедносни причини. Оттогаш се користи само кратката верзија на патеката (3,8 км).

Конфигурација на патеката

уреди

Патеката Клермон-Феран, расположена во планините Оверњ на падината на изгаснат вулкан, се одликува со сложен профил, голем број затворени опасни кривини и висински промени. Природата на патеката се споредува со Нирбургринг Нордшлајф. Патеката може да се класифицира како бавна (единствената права делница е долга само 900 метри), со приближна просечна брзина од околу 160 км/ч по круг.

Верзија Должина (м) Голема награда Квалификациски најбрз круг
Најбрз круг на трка
1965 8.055 4 (1965, 1969, 1970, 1972) 2:53.4/167,231 km/h (1972, Крис Ејмон)
2:53.9/166,800 km/h (1972, Крис Ејмон)

Победници на Француската голема награда на патеката Клермон-Феран

уреди
Сезона # Пилот Конструктор Резултати
1972 22   Џеки Стјуарт Тајрел-Форд
1970 20   Јохен Ринт Лотус-Форд
1969 19   Џеки Стјуарт Матра-Форд
1965 15   Џим Кларк Лотус-Климакс

Надворешни врски

уреди