Киси (руски: Кисы) — вид на традиционални зимски обувки кои ги носат номадските племиња во Сибир. Најмногу се поврзуваат со угро-финскиот народ Ханти. Кисите се и машки и женски обувки, но се разликуваат по големината и шарите.[1].

Ханти обуени во киси

Овие чевли се зашиени од многу силни ленти кои се направени од кожа од нозе на елен[1]. Овие ленти се отпорни на кинење.[1] Ѓонот на кисите се потопува во маст за да не пропушта вода кога газат по снег.[1] Машките и женските „киси“ се разликуваат по големината и шарите.[1] Под колена кисите се врзуваат со лентите за да не влегува снег во обувките.[1].

Традиционално изработен пар на киси се прави од четирите нозе на елен. Кожата од нозете на еленот од која се изработуваат кисите, Хантите ја викаат камуси (руски: камусы)[2]. Долниот дел на чевлите се изработува од кожа која се наоѓа помеѓу големото и малото копито на еленот и наликува на четка. Ваквата изработка на ѓоновите овозможува чевлите да не се лизгаат по снегот.[2]. Традиционално изработените киси се шијат со жилите на еленот наместо со конец.[2] Чевлите после изработката се чадат, за да не ги јадат молци[2].

Рачната изработка на еден пар киси трае до една година. Должината на изработката зависи од сложеноста на шарите со кои се украсуваат кисите.[2]

Под кисите се облекуваат чорапи од крзно.[1]

Денес помодерно изработените киси се продаваат како сувенири или оригинални чевли[2]. Во сибирските градови во Ханти-мансискиот автономен округ се носи попроста верзија на овие чевли, од вештачко крзно, со ѓонови и необработени.[2]

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди