Киро Цветковски ( 1924 во Скопје9 септември 1944 во Говрлево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно градско семејство. Завршил основно училиште, а потоа изучил занает. Потоа отворил столарски дуќан. Како симпатизер на народноослободителната борба, активно ја помагал истата. Собирал материјална помош за партизаните и како активен младинец бил примен за член на СКОЈ. Во септември 1944 година стапил во Четвртиот скопски партизански одред, со кој учествувал во борбите против непријателот на Китка. Покрај директното учество во борбите, бил ангажиран и во агитацијата по селата за формирање на народни одбори на тој терен, организации на АФЖ и на народната младина. На 9 септември 1944 година, загинал на пат кон селото Говрлево, каде бил убиен од заседа на балистички бандити.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 281. На |first= му недостасува |last= (help)