Киро Савов
Киро Томчев Савов ( 1916 во Скопје — 14 септември 1944 во Јаболци, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Основното училиште го завршил во родниот град, а потоа изучил занает, по што работел како столарски работник. Летото 1944 година активно се вклучил во организирана борба против окупаторот. Во народноослободителното движење учествувал во собирните акции на црвена помош, потем во ширење на пропагандата против бугарскиот фашистички окупатор. Во почетокот на септември 1944 година преку воспоставената врска со селата Соње и Добри Дол, замина за Китка, каде стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. На 14 септември 1944 година, загинал во првата борба против балистите во околината на селото Јаболци.[1]