Кирил Каракаш

македонски филмски и телевизиски режисер, сценарист и продуцент
Ова е објавената верзија, проверена на 26 април 2024. Промени во предлошки чекаат на преглед.

Кирил Каракаш (15 мај 1992, Прилеп) — македонски филмски и телевизиски режисер, сценарист и продуцент.[1]

Кирил Каракаш
Роден 15 мај 1992
Прилеп, Македонија Македонија
Националност Македонец
Занимање продуцент
режисер
сценарист

Животопис

уреди

Кирил Каракаш е роден на 15 мај 1992 година во Прилеп каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал филмска и телевизиска режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје и на истиот факултет продолжил со студии на филмска и телевизиска продукција.

Филмот и фотографијата се важни во неговиот живот уште од 12-годишна возраст кога со својот прв филм учествувал на националниот фестивал за аматерски филм и оттогаш пишува сценарија, режира, монтира и продуцира краткометражни, документарни и долгометражни филмови. Кирил има работено и како асистент режисер и прв асистент режисер на голем број кратки филмови.

Од 2015 година бил асистент менаџер на Националниот фестивал на аматерски филм на Македонија, а во 2019 година заедно со неговиот колега Светислав Подлешанов го презеле раководството на фестивалот. Во последните неколку години работи и како ментор за средношколци во креативен документарен филм за млада публика.

Кирил е добитник на награди за своите фотографии на државни натпревари за фотографија во Македонија. Активен е во хуманитарна фотографија; во 2009 година имал самостојна изложба, а во 2010 година организирал групна изложба за помош на луѓето со посебни потреби. Тој, исто така, работел на проект за подигање на свеста за спречување на трговија со луѓе, а негова фотографија била објавена во 2013 година на насловната страница на списанието „Жени и правда: правен дијалог“ на Институтот за човекови права.

Филмографија

уреди

Режисер

уреди
Година Филм Забелешка
2021 30 години државност - уставот темел на иднината - тв филм
2018 Водата соавтор Светислав Подлешанов
2016 Обожение соавтор Светислав Подлешанов

Сценарист

уреди
Година Филм Забелешка
2018 Водата соавтор Светислав Подлешанов
2016 Обожение соавтор Светислав Подлешанов

Продуцент

уреди
Година Филм Забелешка
постпродукција Празникот на хризантемите - игран филм копродуцент
2020 Фрагменти - документарен филм копродуцент
2019 Çdo Çast - краток игран филм Асистент на продукција
2018 Водата - краток документарен соавтор Светислав Подлешанов
2016 Обожение - игран филм соавтор Светислав Подлешанов

Наводи

уреди
  1. „Kiril Karakash“. Filmfreeway. Посетено на 1 мај 2022.

Надворешни врски

уреди