Кирил Блажевски
Кирил Стојанов Блажевски ( 1913 во Скопје — 27 октомври 1944 во Водно, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Кирил Блажевски | ||
Роден | 1913 година Скопје, Кралство Србија | |
---|---|---|
Починал | 27 октомври, 1944 година Водно |
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште го изучил столарскиот занает. Уште пред да замине во партизани, соработувал со народно-ослободителното движење и активно го помагал. На 11 септември 1944 година, заминал на Китка и и се приклучил на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во борбените редови на оваа единица учествувал во сите вооружени судири. Неговата храброст дошла до израз уште во првата борба против балистите на падините на Китка и Водно. Бил примерен и свесен, секогаш спремен за борба и акција. На 27 октомври 1944 година, во крвавата борба против балистите на падините на Водно, кај месноста Бел Камен, храбро загинал. Бил закопан на скопските гробишта во Бутел.