Кипински манастир

пештерен манастир кај Каларити, Епир

Кипински манастир „Успение на Пресвета Богородица“ (грчки: Κοίμηση της Θεοτόκου или Μονή Κηπίνας) — поранешен средновековен пештерен манастир кај селото Каларити, Епир, денешна Грција.[1][2] Влегува во состав на Јанинската епархија на Цариградската патријаршија.

Кипински манастир
Успение на Пресвета Богородица
Κοίμηση της Θεοτόκου
Поглед на манастирот
Карта
МестоКаларити, Епир
ЗемјаГрција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1212
Управа
ЕпархијаЈанинска

Местоположба

уреди

Манастирот се наоѓа во пештера над Каларитска Река, на северната страна од планината Џумерка, пристапен само со тесна патека издлабена во карпата.[3]

Опис

уреди

Во најстарите пишани текстови се наведува дека манастирот е основан во 1212 г. од архиепископот Григориј, но според други извори тој бил основан во XIII век од монасите на манастирот Вилица. Според традицијата се вели дека во него имало тајно училиште за време на отоманско владеење.[1][4] Во XVIII век доживеал расцут, додека во текот на XIX век постепено бил напуштен, а во 1931 г. бил припоен кон составот на Чукиниот манастир.[1]

Градбата претставува мала еднокорабна базилика со нартекс. Внатрешноста е целосно живописана. Дрвениот иконостас украсен со златни елементи и фреските се дела на Јован Сајадски од XVIII век.[1] Католиконот и куполата се изѕидани во природна карпа.[4] Монашките ќелии се обновени и во добра состојба, резбани со дрво на два спрата, сместени во самата карпа.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Ιερά Μονή Κηπίνας - Ιερές Μονές“. ΘΡΗΣΚΕΥΤΙΚΟΙ ΤΟΥΡΙΣΤΙΚΟΙ ΠΡΟΟΡΙΣΜΟΙ (грчки). Посетено на 8 септември 2024.
  2. „ΙΕΡΑ ΜΟΝΗ ΚΗΠΙΝΑΣ ΙΩΑΝΝΙΝΩΝ“. Μοναστήρια της Ελλάδος (грчки). 9 септември 2012. Посетено на 8 септември 2024.
  3. Βασιλείου, Καλλιόπη (4 ноември 2022). „Μονή Κηπίνας: H αινιγματική «Σουμελά της Ηπείρου»“. travel.gr (грчки). Посетено на 8 септември 2024.
  4. 4,0 4,1 Asteri, Electra (18 октомври 2019). „Ιερά Μονή Κηπίνας: Το υπέροχο μοναστήρι που είναι λαξευμένο μέσα στον βράχο“. Happy Traveller - Ταξιδιωτικό site... από αληθινούς ταξιδιώτες!. Посетено на 8 септември 2024.