Кинеска филозофија
Кинеска филозофија — сè до најновите времиња, на Кинезите не им бил познат терминот филозофија во модерната смисла на зборот. Владеело општо сфаќање дека старите мудреци веќе ја пронашле вистината и затоа кинескиот човек сметал дека не му е потребно ништо друго освен да ги усвои резултатите до кои дошле древните мудреци.
Со запознавањето на европската и кинеската култура, филозофијата на кинеското тло почнала да се развива онаква каква што ја знаеме денес. Новите кинески историчари на филозофијата Вулианг и Ху Ша разликуваат три главни епохи на кинеската филозофија. Првата епоха ја сочинуваат најстарите времиња до крајот на владеењето на династијата Ќин, од 2500 до 206 г. п.н.е. Тоа е славното време на кинеската филозофија. Од оваа епоха потекнуваат пет канонски книги, кои во исто време се и најстарите литературни споменици на човештвото. Тогаш настанале и најразлични системи кои взаемно се натпреваруваат за првенство. Најмногу се истакнуваат политичките филозофи и три школи кои ги основале Конфуциј, Лао-це и Мо-це. Втората епоха ја сочинува средниот период, од 206 п.н.е. до 960 п.н.е., а третата ја сочинува новото време, од 960 година до денес.
Поврзано
уредиОваа статија од областа на филозофијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |