Кинг-Конг (филм од 2005)

(Пренасочено од Кинг Конг (филм од 2005))

„Кинг-Конг“ (англиски: King Kong) — американски филм од 2005 година, во режија на Питер Џексон, кој е автор и на сценариото, заедно со Френ Волш и Филипа Бојенс. Главните улоги ги играат: Наоми Вотс, Адриен Броди, Џек Блек, Колин Хенкс, Џејми Бел, Лобо Чен, Кајли Чендлер, Енди Серкис итн.[1] Филмот имал дури 80 номинации, а освоил 43 разни награди. Во 2006 година, филмот освоил три награди „Оскар“.[2] [3]

Лого Кинг Конг (2005)
Лого Кинг-Конг (2005)
Модел користен во производството на адаптацијата на серијата Кинг Конг од 2005 година.

Содржина

уреди

Дејството на филмот се одвива во 1933 година. Карл Денам (го игра Блек) бара необична локација за снимање на својот филм и затоа ја носи филмската екипа на мистериозниот Остров на Черепите. Таму, живее џиновскиот мајмун Конг, кој набргу ја напаѓа екипата и ја грабнува главната глумица Ен Дероу (ја игра Вотс). На почетокот, таа е уплашена, мислејќи дека дивото суштество ќе ја повреди, но набргу сфаќа дека мајмунот покажува силна наклонетост кон неа. Кога Ен ќе се обиде да побегне од него, таа запаѓа во голема опасност, но Конг го жртвува својот живот и ја спасува, борејќи се со неколку диносауруси.

Во меѓувреме, момчето на Ен, Џек Дрискол (го игра Броди) тргнува во потрага по Ен и успева да ја пронајде и да ја спаси. Конг ги следи, но запаѓа во стапицата поставена од Карл, кој планира да го фати ѕверот и да го однесе во Њујорк, привлечен од големата заработка што би можел да ја оствари. Користејќи хлороформ, Карл и остатокот од екипата успеваат да го заробат Конг. Во Њујорк, него го покажуваат како осмото светско чудо, но за време на претставата Конг успева да се ослободи од синџирите и излегува на улиците, барајќи ја Ен. Целиот град е во паника и војската тргнува во потрага по Конг. За неговото бекство дознава и Ен, која му се придружува. Со неа, Конг се качува на највисоката зграда, но со помош на воените авиони, војската го убива мајмунот.[4] [5]

Податотека:Andy Serkis - King Kong.jpg
Енди Серкис во неговото боди Конг
 
Билбордот на Odeon Leicester Square премиерата

Наводи

уреди