Кеплер-421bвонсончева планета со најдолгата позната година од планетите што преминуваат, иако орбитата не е долга како кај планетите кои се откриени преку непосредно снимање, или како кај планетите кои се откриени со помош на методот на радијална брзина.

Планети со долгогодишни орбити
Моментално познати непосредно снимени планети кои се оддалечени од сопствените ѕвезди и имаат долги години: GU Риби b има година која изнесува 163.000 Земјени години. Непосредно снимена планета со најкуса година е Бета Сликар b со година која трае 20 Земјени години. планетите со премин кои се познати досега се блиску до сопствените ѕвезди: планета што преминува со најдолга година е Кеплер-421b со година која трае 704 дена или околу 2 Земјини години.

Планетата минува преку површината, или преминува, околу сопствената ѕвезда гледано од Земјата и се потребни 704 Земјени денови за да се направи една орбита, и со тоа ја има најдолгата година позната за која и да е вонсончевата планета која опреминува. (За споредба, Земјата кружи околу Сонцето еднаш на секои 365 дена, додека на Марс му се потребни 780 дена.)

Кеплер-421b, која е со големина слична на Уран, е на далечина од 1.000 светлосни години од Земјата во соѕвездието Вага. Беше забележана од телескопот Кеплер, кој беше поставен во орбита во март 2009 година за да ги најде планетите кои минуваат преку површините на сопствените ѕвезди со што предизвикуваат минимални затемнувања на сјајноста на ѕвездата кога минуваат пред неа.

Наводи

уреди

Користена литература

уреди